Mакедонска Каменица со буџет од 228 милиони денари

Македонска Каменица, 21.12.2018

  Советот на општина Македонска Каменица го усвои буџетот на Општината за 2019 година.  За идната година општината ќе има буџет од 228.087.775 денари

 Планирани средства на основниот буџет се во висина од 144.612.775 денари,планирани средства за самофинансирачки активности се во износ од 5.380.000 денари,планирани средства на сметката за блок дотација се во износ од 73.595.000 денари и планирани средства на сметката за донации се во износ од 4.500.000 денари.

каменица македонскаБуџетот на општина М.Каменица за 2019 година има развоен дел за капитални инвестиции кои изнесуват 85.501.775 денари и истите беа усвоени на седница на Совет во месец Октомври.Тоа значи дека во 2019 година општина Македонска Каменица ке ги реализира следниве развојни програми:

1.Изградба и реконструкција на локални улици

2.Изградба и реконструкција на локални патишта

3.Изградба и реконструкција на тротоари

4.Уредување на градежно земјиште на индустриска зона

5.Проекти за водоснабдување

6.Проекти за енергетска ефикасност

7.Уредување на речно корито,доградба на кеј и партерно уредување

Буџетот за 2019 година е реално планиран и проектиран согласно насоките добиени од Министерството за финансии и согласно измените на законот за финансирање на единиците на локална самоуправа.

Одобрени средства за блок дотација за 2019 година од Министерството за финансии за нашите локални јавни установи е следнава:

За  ООУ,,Кирил и Методиј“ одобрена блок дотација за 2019 година е 47.425.000

За  СОУ ,,Миле Јаневски Џингар“ одобрена блок дотација за 2019 година е во износ од 16.900.000 денари

За ЈОУДГ,,Бамби,, одобрена блок дотација за 2019 година е во износ од 9.270.000 денари.

Во Буџетот за 2019 гиодина се планирани средства за невладини организации,спортски клубови ,културно уметнички друштва ,планирани се средства за исплата на еднократна парична помош,помош за новородени лица ,стипендии и кредити за талентирани ученици  и друго.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе