Македонска Каменица, 29.01.2019
Раководејќи се според стандардите и процедурите за безбедност и здравје при работа, Рудник САСА ја информира јавноста дека денеска (29 јануари 2019)околу 6 часот и 30 минути, при редовно извршување на работни задачи во една од рудничките јами, еден работник се здобил со лесна телесна повреда.
Постапувајќи согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во рудникот САСА, работникот веднаш бил прегледан од страна на дежурното медицинско лице во амбулантата на рудникот САСА, по што тој со амбулатно возило на рудник САСА бил пренесен во Клиничката болница во Штип на понатамошни испитувања.
Спроведените лекарски прегледи потврдиле дека се работи за лесна телесна повреда, без никакви скршеници или крварења. Лекарите констатирале дека ваквата повреда не се очекува да остави последици врз здравјето и работоспособноста на пациентот и дека тој за неколку дена се очекува да се врати на своето работно место.
За настанот се известени сите надлежни органи, како и раководството на рудник САСА, кое согласно процедурите за безбедност и здравје при работа во компанијата, ги преземаат сите неопходни дејствија за утврдување на сите околности кои довеле до овој настан.
Грижата за безбедноста при работа и здравјето на вработените има највисок приоритет во рудникот САСА. За да се постигневисок степен на безбедност и заштита при работа рудникот ги имплементира најстрогите меѓународни практики и стандарди, вклучувајќи го и системот за управување со безбедноста и здравјето при работа OHSAS 18001. Во тие рамки, помеѓу останатото, секој вработен е обезбеден со комплетна лична заштитна опрема, се организираат редовни обуки за сите вработени на теми од областа на безбедноста и здравјето при работа,воведени се задолжителни редовни медицински прегледи на сите вработени, целосно е опремена амбуланта со постојано дежурство на медицинско лице, како и санитетско возило со комплетна опрема, изјавија од САСА..