Штип, 01.02.2019
Опозициската ВМРО ДПМНЕ одново ја откопа „ратната секира“ и жестокот удри по владеачката СДСМ. Овојпат во фокусот на јавната преписка (караница) се употребени пензиите и пензионерите. Преписката ја ззапочна опзоицијата:
-Триста илјади пензионери во Република Македонија и 10.500 пензионери во Општина Штип месечно остануваат покуси за 500 денари. Така изгледа новото штетно законско решение со кое оваа антинародна власт го гази достоинството на пензионерите. Наместо минималното законско усогласување, кое пензионерите го добиваа секоја година, по што пензиите растеа за одреден процент, од оваа година, тие ќе останат со пократки ракави!
Трошоците за живот се зголемуваат секојдневно, цените растат и наместо достоинствени и спокојни пензионерски денови, тие се омаловажени и понижени како никогаш досега. Оваа категорија на граѓани живее на работ на егзистенција – немаат доволно лекови на позитивна листа, а потрошувачката кошничка е се‘ поскапа. И наместо владата да им овозможи да имаат квалитетен живот во оваа доба, таа го крати и она што законски го заслужуваат.
Предвидените законски измени, ги ставаат во неповолна положба оние кои кои земаат најниски пензии и во услови на најмало зголемување ќе добиваат помалку од пензионерите со поголеми месечни примања. Овие измени на законот, нема да ги одминат и штипските пензионери, кои се 10.500 и важат за едно од поголемите пензионерски здруженија во државава, рекоа од ВМРО ДПМНЕ…
…и продолжијеа:
Единаесет години пензионерите беа високо на листата на приоритети на вмро-дпмне! пензионерите добиваа бесплатни одмори, лекувања, а пензиите растеа во континуитет. За да ја заштити оваа целна група, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија, поднесе Предлог-Закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој се предвидува да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите.
Затоа што, и во позиција и во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ се грижи не само за пензионерите, туку сите граѓани на Република Македонија.
Почитувани граѓани,
Нема граници лицемерието на антинардоното ВМРО ДПМНЕ.
Токму таа партија го укина законското усогласување на пензиите, манипулираше со пензионерите а денес глуми загриженост за пензионерите.
Како и при секоја ваква јавна караница за важни нешта во државата, одговорот експресно стигна од СДСМ – Општинска организација Штип:
Во одговорот се вели:
-ВМРО ДПМНЕ со нивните лоши и криминални политики зад себе остави огромен дефицит во фондот на ПИОМ и директно им наштети не само на сегашните, туку и на идните пензионери.За разлика од таквиот неодговорен однос, Владата предводена од СДСМ, обезбедува редовна исплата, континуиран и стабилен раст на пензиите. Ако во 2016 година просечната пензија изнесувала 13.754 денари, во 2018 година таа изнесува 14.421 денари.
Владата со закон дефинираше дека пензиите ќе се усогласуваат редовно и тоа два пати во годината, а воведена е законска одредба за усогласување на пензиите од 1 април, доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален раст повеќе од 4%. Од самиот почеток на мандатот, Владата предводена од СДСМ носи нови мерки и законски решенија што се во интерес на граѓаните.
Пензионерите кои примаат помалку од 14.000 денари пензија добиваат бесплатно болничко лекување.
Рударите се пензионираат само со работен стаж. Со усвоените законски измени, жените ќе одат во пензија со 35 а мажите со 40 години работен стаж, што беше долгогодишното барање на рударите кое ВМРО-ДПНЕ го игнорираше.
Со новата социјална реформа на Министерството за труд и социјална политика се воведува и социјална пензија а право за нејзино стекнување добива секој над 65 години, кој нема друг извор на приход, има работен стаж, но нема право на пензија.