Охрид, 01.02.2019
Претседателот на Владата и лидер на СДСМ и владината коалција, Зоран Заев, денеска, во Охрид, во рамките на работната посета, која го опфати престојот во германската фабрика „Костал“ и локалната самоуправа, а во преполнетата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, напладне, одржа отворена трибина: „Силна економија – шанса за сите“.
-Ја деблокиравме земјата внатре и кон светот- сега арбајтинг, работа –порача премиерот. Тој наведе дека со договорите за пријателство со Бугарија и Грција, надминати се пречките за развој.
– Поминавме сензитивен процес, мегутоа, бенефитот од крупните и тешки одлуки, верувам дека ќе го почуствуваат сите граѓани и тоа за неколку месеци, а не години – потенцираше Заев.
Според премиерот, во прашање се месеци, а не години, кога и последните скептици, по прашањето на тешкиот преспански процес, ќе ги осознаат придобивките, како што, нашите чекори ги препозна и ги поздрави целиот свет, напомена Заев,
-Имаме моќни пријатели, сега имаме добронамерни соседи, земјата е деблокирана, нема на што да се вадиме, сега се зависи од нас.Доаѓа време на работа- категоричен беше премиерот.
Заев им кажана охриѓани дека државната каса не е празна, дека е финасиски стабилна, дека дојде време парите да им се враќаат на оние кои ги создаваат – граѓаните.
– Граѓаните, сите заедно, за себе заштедија 11,5 милиони евра само од мерката – евтина тарифа за електричната енергија. Дополнително, 20 милиони од зафатот на Владата со преземањето на трошокот за ТВ претплата.Казните се намалени за повеќеод 60 проценти, државата ќе ги покрива социјалните пензии. Од 1 јули почнува враќањето на ДДВ, во висина од 15 проценти во фискалните сметки.Тоа ќе го потикне растот на потрошувачката, додека на граѓаните ќе им бидат враќани по околу 150 милиони евра годишно – потенцираше Заев.
Околу формата, односно која алатка ќе се користи за тоа, Заев остави две опции – посебна картичка, или само мобилен телефон. Премиерот обелодени дека во Агенцијата за вработување, активни баратели на работа се само 87 илјади лица. Но проблемот е што сите би сакале во државните служби, а таму нема повеќе да се примаат од природниот одлив – со заминувањето во пензија.
– Ќе создадеме услови, приватнио тсектор да биде поатрактивен за невработените. Отворена е спирала на раст на стопанската активност. Лани се реализирани 17 странски инвестиции, во вкупна вредност од 155 милиони евра, што значи 4.500 нови работни места. Во просек, минатата година, платите се зголемени за 1.600 денари, а наша примарна цел е просекот на Словенија и Италија, а натаму и оној на најразвиените европски земји – рече Заев, пред Охриѓани.
После настапот, премиерот Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговараа на прашања и учествуваа во интерактивната дебата.
Веле Митаноски