КОЧАНИ: Општината бара отчет од корисници на буџетски средства

Кочани, 12.02.2019

Општина Кочани упати јавен повик до здруженијата, сојузите, клубовите и физичките лица корисници на средства од програмите за спорт и култура за 2018 година. Минатогодишните корисници од програмите за спорт и култура се должни за потрошените средства да достават извештај со неколку задолжителни делови.

Во наративниот дел за корисниците на пари од Програмата за спорт е потребно да се опишат реализираните активности – учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири; остварените спортски резултати;бројот на членови во клуботи слично.

Финансискиот дел се состои од детален приказ за потрошени средства поткрепен со документација. Извештај за потрешените средства треба да достават и физичките лица и здруженијата коишто користеле средства од Програмата за култура.

k02Обрасците со потребните податоци се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, а отпечатени примероци можат да се земат и од Едношалтерската канцеларија.

Извештајот може да се достави до Едношалтерската канцеларија најдоцна до 22 февруари 2019 година или на е-адресата на Општина Кочани: info@kocani.gov.mk.

Поднесениот извештај на корисниците на општинските буџетски средства е услов за користење на средства од програмите за спорт и за култура за 2019 година.

Во 2018 година од овие програми беа наменети 2.900.000 денари за активности на здруженија, спортски клубови и сојузи.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе