Априлијада и во Штип

Штип, 01.04.2019

Дечиња маскирани во ликовите на омилените детски јунаци од цртаните и други филмови,од детските градинки и основните училишта, денеска на плоштадот Макфест во Штип го разубавија и развеселија градот.

55837824_582488598912845_9137902007275749376_n_800x600Убавиот првоаприлски ден ја разбуди детската фантазија и фантазијата на нинвните родители и учители, па се заедно на малиот плоштад штипјани имаа едно убаво доживување.

Музиката од ѕвучниците и убавата кореографија на децата беше повод повеќе да се биде на тој дел од градот и на дечињата да им се упатат силни аплаузи за целокупноста на приредбата.

Донесуваме две слики од настанот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе