Тоа е чиста биологија: Боки tredici може да го изнедри само едно гнило, атрофирано, перверзно општество!?
Умните велат – ништо не е случајно!
Рационалните додаваат – најмалку во политиката и околината и нејзина!
Боки – 13, може да го изнедри само едно гнило, атрофирано, перверзно општество!
Тој, самиот по себе, е една голема перверзија!
И сите околу него, вклучувајќи ги и моите колеги – новинари, во неговата телевизија.
Секоја чест на исклучоците!
За моја и ваша жал, преовладува една општа перверзија и во медиумската заедница!
Секоја чест на исклучоците!
Во таа сеопшта перверзиоја – калакурница, важен е само Боки!
За владеачката структура, важно е кој, на кој начин ги насанкал, а не зошто, односно не е важно како се себенасанкала, засукале како кленови во плитко блато!
Деновиве од највисоко место слушнавме дека тие покажале (и докажале – нека ми извини лицето Б.Ц!) дека “не се свети крави”!?
За опозиција е важно кој крадел – тука и денеска, а не кој крадеше и до вчера, а продолжува – и денеска!
Чест на исклучоците, но, моите колеги, сопственици на портали, порталчиња и слични – парталчиња, увце не ги боли за тоа, како се трошат силни милиони народни пари во летните културни манифестации?
Тие немаат простор, ниту за настаните (настапите), кави тие и да се?
А, уште помалку знаат дека има ентузијасти во алтернативната култура, кои прават настани, на свој есап, често пати подобри и од оние на “официјалната!“ (не)култура!
Сте прочиталени некаде дека Мишо Јузме, поет, писател и веројатно – прв полиглот во земјата, во неговата “Култура 365”, секоја вечер, приредува култура и уметност, понекогаш на повиосоко естетско ниво, од официјалните институции?
Тој не прави прес конференции по скапи хотели и луксузни кафеа, нема екипи и претседатели на комисии кои цело лето се “измачуваат” по хотели и ресторани на трошок на јадниот народец?
Кај него не одат министерот и неговиот заменик, затоа што нема што да им даде – пред и после претставата!
Медиумите немаат простор ниту за случувањата во “Куќа Уранија” на МАНУ! Таму не свраќаат и министрите и замениците!
Таму нема гага!
Не е вест куче да касне човек, туку човек да касне куче! Моите колеги дури не знаат чија е досетката, па му ја припишуваат на Черчил!А од него е постара, богами, за едно столетие!
Тоа што УНЕСКО – патронот на Охрид (на денот на Свети Климента – закрилникот) испрати човек од Равена – седиштетото на Светската академија на посезијата, уште и прв човек на Одделот за целиот словенски свет, тука во Охрид, во куќата на бесмртните (МАНУ) да го брани Охрид преку поетската реч, за медиумите не е никаков предизвик!
Никој не гледа дека Охрид не можеда дише! Се е препослано од возила!Пешаците се набркани од нивните патеки и тротоари, велосипедистите исто така, зеленилото е под четири тркала, цевките пукаат, градот мириса!!!
Всушност, смрди на одделни места, смрди под товарот на политичко – урбаната мафија, за које нема друга светост освен парите!
А парите се зараза: Секогаш се во потрага по свежа (народна) крв!
Тоа што Охрид, деновиве, има повеќе гости од домаќините, никого не го замислува! Важно е да цветаат урбаната мафија, па такси-мафијата, кафана-мафијата, плажа-мафијата и се понатаму!
Ете, еднаш се ,,претера со новинарството” со Велија и А1, сега со Боки – 13 и ТВ 1. И сега Цацко, Геро ни е виновен! Геро не прави, денеска, ништо поразлично од она што го правеше до вчера.
До вчера некритички го фалеше СДСМ, денеска, на ист начин, некритички го омаловажува! И каде е тука “топлата вода”!?
Геро е мајстор да направи медиум. Тој знае “со гол задник да фати риба!”. Со малку пари – за редакциските и колегите дописници да одржува весник.
Но Геро живее во оваа иста вукојебина (нема даму годи оваа формулација на Тричко, а до вчера му годеше!) и затоа Геро е – само уште еден повеќе меѓ ловците на скандали, затоа што нашиот печат (овде ќе го цитирам Карлос Луис Зафон), станува “граблива птица што цвета на невољата и бесрамноста, за спектаклот да биде опишан како дантеовски и морничав!”.
И што има тука непознато? Тоа е чиста биологија!”
Повторно Карлос Луис Зафон:,,Човекот, како добар мајмун, е општествено животно и го одликуваат секташењето, непотизмот, арамилакот и озборувањето како внатрешна норма на етичко однесување.Тоа е чиста биологија!”
Веле Митаноски
На сцена е општо затупување на масите.