Штип, 26.11.2019
Карбинци ќе биде третата општина која ќе ги користи водите за пиење од регионачлниот хидросистем „Злетовица“. Денес ова беше обзаненто при посетата на Трајан Димковски, министер за земјоделие, шумарство и водостопанство на оваа општина.
За оваа намена ќе се гради филтер станица со капацитет до 40 литри во секунда, а ќе се гради и водоводна мрежа. Инвестицијата е во вредност од 2,7 милиони евра. Парите се од државниот буџет, а Карбинци е првата општина која ќе ги користи средстваta од Владата наменети за целосно ставање во функција на регионалниот хидросистем.Со вода ќе се обезбедат 3.200 жители на малата потплачковичка општина.
Инаку, ХС „Злетовица“беше пуштена во употреба пред девет години (2010) а досега нејзините води ги користат само општините Свети Николе и Пробиштип иако системот е граден за потебите на водоснабдување на шест општини. Покрај Свети Николе, Пробиштип и Карбинци тоа се уште Штип и Лозово додека шестата општина Кратово вода зема од реката Злетовица над браната Кнежево.
На овие општини на располагање им се вкупно 900 литри вода во секунда, од кои 500 литри се наменети за Општина Штип како најголема во ова друштво на општини засегнати со ХС „Злетовица“.
Браната „Кнежево“ е со акумулативна моќ од 22,5 милиони кубни метри вода и во моментов е полна до врв.