Свети Николе, 01.03.2020
На Меѓународен Славјански Унивезритет во Свети Николе се одржа Масленица, однoсно руска Прочка. Масленица претставува славење на новиот живот, будење на природата, доаѓање на сончевата топлина. На трпезата традиционално се нудат палачинки кои го претставуваат сонцето, а од тој ден во православниот свет започнуваат постите како најава за големиот христијански празника Велигден.
Годинава овој празник беше прославен со проекција на рускиот комичен филм „Слуга“, со палење на сламената кукла која ја симболизира старата година и со традиционално подготвени палачинки. Со свој поздравен говор се обрати и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Неговата Екселенција Сергеј Баздникин.
Според Елена Силјановска, раководителка на „Чајка“, карневалските поворки и маскирани лица кои ги бркаат лошити сили се присутни во целиот православен свет, но во Русија доминира сламената кукла облечена во зимски алишта која на крајот од прославата учесниците ја палат со што се најавува доаѓање на пролетта а пепелта се носи и се расфрла по нивите за тие да имаат добар род.
За Јордан Ѓорчев, првиот човек на МСУ прославата на Масленица која секоја година се одржува во Свети Николе е само уште еден гест на зближување на двата славјански народи. –„Масленица постои и поради потреба одтука да упатиме апел на помирување помеѓу сите луѓе на светот“, рече Ѓорчев.