СКОПЈЕ: Императив на Партијата на пензионери – човекот на прво место

Скопје, 07.03.2020

Денес во Скопје Партијата на пензионери го одржа своето редовно собрание. Покрај статутарните обврски, на Собранието беа разработени прашања и беа донесени одлуки и документи во однос на вонредните парламентарни избори закажани за 12 април, годинава.

Партијата ја потврди определбата, на вонредните парламентарни избори на рамноправна основа, да учествува во коалицијата предводена од СДСМ. На Собранието на кое учествуваа 198 делегати, е донесена и Програма за работа на Партијата на пензионери, како платформа за нејзино политичко дејствување во период 2020 – 2030 година.

88257521_212874023107161_3677522724512595968_n-Програмата ги определува црвените нишки на нашата стратегија за планираните политичка цели и активности со понуда за заедничко реализирање во рамки на коалицијата. Содржински, Програмата се темели на императивот за консензус во кој „човекот е на прво место“, разработена во програмски прилози за политики на партијата за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, социјални политики за солидарно општество, за образованието и младите, животната средина, како и  други сегменти кои се значајни за општествената заедница и државата, рече претседателот Илија Николовски.

Усвоен и извештајот за работењето на ПП, во период до одржувањето на седницата на Собранието, поднесен од Претседателот Илија Николовски.

Партијата ја усвои листата на можни кандидати за пратеници од своите редови, со која листа ќе настапи во преговорите во рамки на коалицијата при конечното оформување на изборните листи.

(И.Б.)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе