Виница, 09.04.2020
Согласно новите мерки на Владата за забрана за движење после 16.00 часот во работен ден, и цели 24 часа во деновите од викендот, членовите на Кризниот штаб во Виница донесоа Одлука, земјоделците од градот Виница, секоја активност во времетраењето на полицискиот час да ја најават во Полициската Станица во Виница.
Телефонот е 070-325-839, или кај дежурните служби во станицата.
Со навремена најава, земјоделците од градот ќе можат своите тековни и неизбежни активности да ги реализираат и после 16.00 часот, како и во деновите од викендот.
Оваа одлука не важи за земјоделците од другите населени места во општината кои можат слободно да се движат во атарот на селата, а согласно препораките и мерките од Владата на РСМ.
М.Мирева