ВИНИЦА: „Максигард“ е новата фабрика за заштитни маски

Виница, 10.10.2020

Тројца винички бизнисмени здружија средтства во отворање на фабрика за производство на заштитни маски под името „Максигард“. Тоа се Глигор Цветанов, сопственик на „Винчини“, Орце Јованов и Никола Цветанов. Тројката проценила дека заштитините маски кои станаа популарен и баран производ на светскиот пазар поради актуелната корона криза е дефицитарна, и дека и во иднина ќе има големи потреби од овој производ поради што решиле да тргнат во овој бизнис.

Во „Максигард“ во тек е пробно производство на заштитни маски додека стартот на редовното производство е планирано за идната недела.

Капацитетот на фабриката е производство на пет милиони маски месечно. Машините се сместеи во пространите хали на некогашната фабрика за трикотажа „Трико“.

Сопствениците во изјава за дел од медиумите појаснија дека маските ќе имаат ефтина цена од 8 до 10 денари по парче. Инвестицата на овој екомски потфат е во висина од 150.000 евра, пари кои ги обезбедија самите сопственици.

Според проекцијата во новата фабрика ќе има работа за триесеттина нови вработени. За почеток маските со знакот „Максигард“ ќе се продаваат на домашен пазар а потоа и на пазарот во Европа и светот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе