Адиент повторно е прогласен за Најдобар работодавач

Буршид (Германија), 23 јануари 2024г.

– Адиент, глобален лидер во производство на автомобилски седишта, вторпат е сертифициран од Институтот „Top Employers“ како Најдобар работодавач во Европа за повеќе Адиент фабрики во регионот на ЕМЕА.

„Второто по ред рангирање на врвот е доказ за нашите континуирани залагања да бидеме ценет работодавач и потврдува дека наш приоритет се луѓето,“ изјави Небахат Гуелер, Потпретседател за човечки ресурси во Адиент ЕМЕА. „Рангирањето како најдобар работодавач од страна на реномиран надворешен оценувач, го сметаме за доказ на нашиот напредок во оваа насока.“

23 од фабриките на компанијата во Чешка, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија и Србија ја поминаа сеопфатната анализа од страна на Институтот и беа оценувани во повеќе категории како стратегија за човечки ресурси, работно опкружување, привлекување на таленти, учење, различност и инклузија, добросостојба на вработени и друго. Во сите шест региони фабриките ја добија сертификацијата, исто како и минатата година.

-Чест ни е што Адиент Штип е најдобар работодавач, Top Employer, за Македонија и Европа и за 2024 година. Нашиот тим втор пат по ред го добива сертификатот кој се заснова на опсежно истражување на практиките за човечки ресурси од страна на престижниот институт Top Employer. Сертификација за најдобар работодавач по вторпат е заслуга на посветеноста на сите членови на тимот на Адиент, објавија од компанијата.

Речиси сите фабрики кои беа оценувани покажаа значителен напредок во резултатите со што се потврдува културата на постојано учење, а целосното бодување на компанијата е подобрено за 4,5% споредено со минатата година. Споредено со 86 други компании кои учествуваа во анализите, Адиент особено се издвојува во областите стратегија за човечки ресурси и практики на различност, еднаквост и вклученост, со 11% и 7% подобро рангирање. Ова сосема ги отсликува приоритетите на Адиент во управувањето со човечките ресурси – организација која е раководена од целите, развој на лидерството, организациски дизајн и промени, и негување на култура на различност, еднаквост и инклузија.

“Чест ни е што Адиент Штип е Најдобар работодавач, Top Employer, за Македонија и Европа и за 2024 година. Нашиот тим втор пат по ред го добива сертификатот кој се заснова на опсежно истражување на практиките за човечки ресурси од страна на престижниот институт Top Employer. Сертификација за најдобар работодавач по вторпат е заслуга на посветеноста на сите членови на тимот на Адиент. Подобрувањето во речиси сите сегменти во оценувањето во споредба со минатата година е потврда дека заедно со нашите луѓе го одиме вистинскиот пат на напредок за подобрување во грижата за вработени и унапредување на работното опкружување, за Адиент да биде повеќе од работно место.“ изјави Роберта Василева Коцев, Mенаџер за човечки ресурси во Адиент Сеатинг Штип.

Програмата за сертификација за Најдобар работодавач е создадена за да обезбеди насоки за спроведување на најдобри практики во управувањето со луѓето за работодавачите во широк спектар на индустрии. Оваа програма ги оценува компаниите ширум светот и дава повратна информација за нивната работна култура врз основа на истражување на најдобрите практики.

За Адиент:

Адиент, Adient (NYSE: ADNT), е глобален лидер за автомобилски седишта. Со повеќе од 70.000 вработени во 30 земји, Адиент работи во повеќе од 200 фабрики/ локации ширум светот. Произведуваме и доставуваме автомобилски седишта за најголемите производители во авто-мото индустријата. Од целосни системи за седишта, со одделни компоненти за пена, навлаки и метал, нашата експертиза го опфаќа секој чекор од процесот на создавање на седишта за возила. Нашите интегрирани вештини ни овозможуваат да се грижиме за нашите продукти од истражување и дизајн до инженерство и производство – за милиони возила секоја година.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе