КОНГРЕСНИОТ ТУРИЗАМ ГО ВРАЌА ОХРИД НА СВЕТСКАТА МАПА

Деновиве во Охрид, се собраа претседателите на националните асоцијации, како и членови на делегации од Албанија, Романија, Бугарија, Грција, Кипар, Хрватска, Словенија и Австрија, на Јубилејно Собрание, а по повод 10 години полноправно членство на ИПА –  Македонија во светското ИПА семејство (Интернационалната полициска асоцијација) и 13 години од формирањето на ИПА, оддел Македонија.

Тоа беше добро искористена прилика за нова афирмација на македонскиот турстички бесер Охрид,  на неговите сместувачко – угостителслко потенцијали, културни и амбиентални вредниости, но и на асоцијациите, ИПА – Македонија и ИПА – Охрид за искористување на нови иницијативи и форми за меѓусебна соработка.

Со самиот факт што вакви собири се одржуваат во овој период на годината, на голема врата, се враќа во Охрид такавиканиот конгресен туризам, што беше одлика на златното време од годините пред осамостојувањето на земјата.

Колку за потсетување, Охрид тогаш беше домаќин на  југословенски и светски конгреси во одделни области на медицината, археологијата, византологијата и слично, како и на Југословенското радио – ревијална и натпреварувачка манифестација на неколку стотини радиостаници.

На враќањето на интересот за вакви глобални собири, придонесуваат вниманието и грижата на локалната самоуправа, што беше случај и со Јубилејното Ипа – Собрание.

ИПА – Македонија, а со тоа и  и ИПА – Охрид, предњачат со  иницијативите во меѓусебната соработка на интернационално ниво, што беше нагласено и од страна на Аднан Имери, заменик претседател на OIDE-IOED при ОН и претседател на OIDE-IOED Македонија, како и Игно Стојков, претседател на ИПА – Македонија.

Притоа, на претседателот на огранокот ИПА – Охрид, м – р Стефан Димоски, му беа врачени признанија и Плакети, за „одлична соработка и достигнувања на целите во промовирање на интересите, принципите и репутацијата на Обединетите Нации (ОН) и на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија“.

Меѓународната организација за економски развој OIDE-IOED Македонија, управуван од Обединетите Нации (ОН) и организацијата ИПА Македонија, најголемата полициска организација во светот, основана по начелата во декларацијата за човекови права, усвоена од Генералното собрание на ОН во 1948 година.

-Ова високо признание, за мене и колегите од асоцијацијата,  е и поттик, за понатамошна посилна работа на јакнење на основните принципи на Обединетите нации (ОН) и OIDE-IOED за негување етички и морални вредности и секако, на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), како канал за пријателство и соработка меѓу полициските службеници во светот, за соработка, безбедност, мирен соживот на народите и зачувување на светскиот мир, напоменува Стефан Димоски.

Димоски е поранешен новинар во релевантни локални и регионални медиуми, а веќе две децении остава впечаток од службената поџиција – портпарпол на СВР од Охрид, но и како прв човек на Општинскиот совет за безбеднист во сообраќајот,  во Охрид.

Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе