АМА, КАКВИ КОГАНОВИ (ЛЕОНИД, ПАВЕЛ, НИНА, ДАНИЕЛ..), НЕКА ЕЧАТ ЦЕЦА, ХАРИС И АЦА ЛУКАС!?

Охрид, можеше, пред 10 години, да биде на светската мапа од мундијалното одбележување на 90 годишнината од рагањето на Леонид Коган? Заедно со Москва, Милано, Њујорк, Лондон и Токио.Не бидна, затоа што предводниците на институциите, тука и во Скопје, повеќе знаењеле за Цеца, Харис и Аца Лукас!

Мили Боже, колку сум бил наивен!!!???

Три генерации Коганови – во љубов со Охрид и „Охридско лето“.

-“Немам поголема желба од таа, еден ден, и четвртата генерација Коганови да бидат неразделно сврзани со Охрид и македонското, а светско – „Охридско лето“, ми вели маестро Павел Коган, во поголемо интервју за “Утрински весник”.

Пред десет години, ова време, една седмица ,во Охрид, се одмараа синот и ќерката на Леонид Коган, едно од најславните виолинистички имиња во светот.

Семејството Коганови ги полнеше батериите за есенската набиена агенда. Синот – Павел Коган, диригент и виолинист, ќерката Нина Коган – пијанистка и внукот, Даниел – виолинист од Париз,  тогаш на 21 година.

Најстариот – Павел Коган, ми вели дека, после Дубровник,  Охрид го одбрал како место каде ќе ги наполни батериите, пред напорната есенска сезона, која за нив е од особено значење.

Сезоната ќе ја започне со турнеја во САД, со неговиот состав – Московскиот државен синфониски оркестар, кој го ракводи четврт век и е еден е од најпознатите во Европа и светот.

Во САД, временски, ќе се совпадне, и таму ќе почне одбележувањето на 90 годишнината од рагањето на татко му, Леонид Коган.

Покрај американското, ќе има и серуско чевствување во Москва, потоа во Италија, Велика Британија и Јапонија.

Коганови се подготвени и би сакале, на таа светска мапа, да се најде и Охрид, односно неговото „Охридско лето“. Со тоа и Република Македонија и македонската културна јавност, ќе бидат дел од тоа мундијално одбележување, на еден од најславните музичари – инструменталисти во светската цивилизација.

– “Секогаш му се радуваше на доагањто, на секоја нова средба со Охрид, со лугето, со атмосферата овде. Имаше прекрасни спомени и желби, да се врати повторно и повторно овде”, вели Нина Коган, која за прв пат била тука со татка си, во 1967 година.И ја подарив фотографијата, заедно со текстот, со мој потпис, објавен во тогашен ” Езерски Глас”. Рече, го добила највредното за неа, а не знаела дека постои!

Кога се разговара со музичките и биолошки потомци на Леонид Коган, заедно со спомените кон него, неодминливо е чувството дека сте на некој начин, едновремено со три генерации од едно од најславните музички семејства во светот. Воедно, тоа е единствен, уникатен случај и кога е во прашање учестовото, односно настапите на “Охридско лето”.

– “Нашето присуство овде навистина е уникатно и по годините, речиси половина век, или точно – 46 години и по бројот на настапите, но и во генерациска смисла. Нашиот татко, Леонид Коган беше еден од првите, големи светски артисти, кои настапуваа на “Охридско лето” во времето кога тоа ги правеше првите чекори кон светската слава, кога се создаваше. Во Охрид водеше и музичка школа – Мастер клас за виолина. Неговиот придонес за овој фестивал е огромен. Немам поголема желба од таа, еден ден, и четвртата генерација Коганови дабидат неразделно сврзани со Охрид” и македонското, а светско – „Охридско лето”, а самиот Охрид, да биде дел од мундијалното одбележевање на 90 годишнината од раѓањето на татко ми. Треба само да не примат, да им објасниме и иницијативата да тргне од овде. Ми кажа маестро Павел Коган, во интервју подготвено за “Утрински весник”.

Јас заби ставив да дојде до тоа, никој не ме разбра. Боже колку сум бил наивен!? Сум им зборувавл на персони, за кои вредност биле Цеца, Харис и  Аца Лукас !!!

Веле Митаноски- сеќвања од прва рака (28 јули 2014)

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе