Д-р Сашко Кедев освои уште еден врв над 8.000 метри во Пакистан

Штип, 03.07.2023

Како што јави „Nepal News“ нашиот најистакнат алпинист д-р Сашко Кедев вчера наутро, со деветмина други планинари се искачил на врвот Нанга Парбат, кој е висок 8.125 метри на планинскиот масив Каракорум во Пакистан.

„Денес во 10:40 часот по локално време, тим од петмина алпинисти од повеќе земји, како и петмина непалски шерпаси, успешно се искачија на врвот, кој е деветтиот највисок во светот“, објави вчера пакистанскиот портал.

По Нанга Парбат, д-р Кедев со истиот тим ќе се искачи и на GI и GII (Гашербрум 1 и 2), два други врва во Пакистан повисоки над 8.000 метри. По ова, тимот ќе учествува и во експедицијата на К2 (8.611 м.) – вториот врв по височина во светот.

Д-р Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и „покривот на светот“ – Еверест, во 2009 година. Пред две години, кардиологот го искачи и врвот Манаслу, (8.156) метри е осмиот највисок планински врв на планетата.

Д-р Сашко Кедев за три дена ќе наполни 61 година, тој е познат кардиолог, доктор по медицински науки и политичар.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе