Oд сабота стартува Кионоверзум, Штип одново станува град на филмот и на филмската култура

Штип, 93.07.2023

Со проекцијата на филмот „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ кој е најново продолжение на Индијана Џонс, во сабота на 8 овој месец, точно во 12 часот, во Штип стартува Киноверзум. Киното се наоѓа во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ на влезот од паркот „Суитлак“. Со тоа Штип, по период од неколку децении, одново станува Град на филмот.

Oд Киноверзум известуваат дека киното во Штип после Свети Николе и Велес е трето кино од ланецот Киноверзум во Македонија, и е дел од единствениот македонски ланец на кина кој започна со работа во 2019 година со првото кино во Свети Николе. Киноверзум во Штип има 142 удобни седишта

-Со најнова технологија и ласерски проектор, публиката ќе може да ужива во најновите филмски остварувања. Првиот филм кој ќе биде проектиран е најновото продолжение на Индијана Џонс – Индијана Џонс и артефактот на судбината. Тоа е петтиот дел од филмовите за Индијана Џонс. На истиот ден премиерно ќе биде прикажано и најновото (седмо) продолжение на Невозможна Мисија, со Том Круз во главна улога, вели Михаела Ѓорчева, првото лице на Киноверзум.

Вкупно ќе бидат прикажани 5 филмови, а секој четврток се очекуваат нови филмови во киното.

Според Ѓочева, апсолутни хитови ова лето ќе бидат филмовите Барби, Опенхајмер и Невозможна мисија. Сите три филмови излегуваат во текот на овој месец.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе