ДЕЛЧЕВО со проект за собирање отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата

Делчево, 02.01.2024

Општина Делчево во партнерство со Нула отпад и ЈКП „Брегалница“ организираат еколошки проект за собирање отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата. За таа цел во рамки на проектот во текот на јануари ќе биде организирана акција за бесплатни преземање на отпадот од домовите на граѓаните.

Општина Делчево ги извести граѓаните дека доколку имаат расипани електронски и електрични уреди од домот или компанијата да се јават на еко линијата 070 236 000 најдоцна до 15 јануари 2024 година и на договорен ден, Нула отпад бесплатно ќе го преземе отпадот од прагот на домот на пријавителот. Целта е заеднички да се заштити животната средина од опасниот отпад.

За секој предаден апарат се добиваат соодветни ваучери од Техномаркет и Меркур. Вредноста на ваучерот за мали апарати е 100 денари, а за голем уред 400 денари.

За повеќе информации околу реализацијата на проектот Општина Дделчево ги упатија граѓаните да ја посетат општинската веб-страница на која точно е наведено каков вид на електрична и електронска опрема ќе може да пријават на посочената контакт линија. а повеќе информации околу реализацијата на проектот има на општинската веб-страница на која точно е наведено каков вид на електрична и електронска опрема ќе може да пријават на посочената контакт линија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе