Клиничката Болница “Др. Трифун Пановски”- Битола доби донација од над 450.000 американски долари во медицинска опрема

Битола, 29.12.2023 

По успешната испорака на медицинска опрема вредна над половина милион долари во 2022 година во скопската болница, Обединетата македонска дијаспора (ОМД) повторно во соработка со World Medical Relief од Мичиген и медицинската мисија Dattilio од Вермонт испорача медицинска опрема во вредност од 450.620 американски долари овој пат во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, Македонија.

Од 2004 година, ОМД помага и/или донира над 1,5 милиони американски долари (USD) во добротворна и хуманитарна помош за Македонија.

Речиси шест тони опрема и материјали, вклучувајќи системи за респираторна нега, маски за кислород, хируршки материјали, хируршки инструменти, ортопедски предмети, гази, завои, кревети за интензивна нега, патерици, инвалидски колички и дијагностички алатки беа донирани од World Medical Relief. ОМД и медицинската мисија Dattilio ги покриваа трошоците поврзани со превозот и логистиката од Мичиген до Македонија преку пристаништето Драч, Албанија.

Вчера, директорот на ОМД за Македонија и Европа, Гордан Јорданов, ја посети болницата, ги обиколи објектите и беше сведок на придобивките од оваа донација на медицинска опрема и материјали кон градот Битола и пациентите на болницата. На Јорданов му се придружија министерот за здравство на Македонија Фатмир Меџити и Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, родена во Битола.Слики тука.

Директорката на битолската болница Елизабета Ивановска изрази најдлабока благодарност до World Medical Relief, ОМД и медицинската мисија Dattilio, велејќи дека опремата е од големо значење за болницата и дека со неа, нивото и квалитетот на здравствените услуги и здравствената заштита за пациентите од целиот регион ќе се подобри. Ивановска истакна дека после долги години битолската болница доби донација од ваков тип.

ОМД и се заблагодари на Ивановска, како и на началникот на Одделот за материјално-финансиско работење во болницата, Марија Богдановска за нивната соработка и напорна работа.

Д-р Џорџ Самсон, претседател и извршен директор на World Medical Relief, рече:

„Бевме таму во Македонија пред 13 години. Ги видов потребите на луѓето кога станува збор за здравствената заштита. World Medical Relief е посветена да им помогне на болните и сиромашните во вашата земја. Голема земја, големи луѓе со љубов и одлична култура“.

Александар Бежановски, Светски Здравствен Амбасадор за Медицинска помош за Македонија, кој докторира на медицина од Медицинскиот колеџ на Универзитетот Централ Мичиген, рече:

„Како Македонец Американец, никогаш нема да ја заборавам земјата од која потекнуваат моите родители и во која сè уште живее моето семејство. Битола е место кое го нарекувам дом. Како Амбасадор за World Medical Relief, нашата организација ќе се погрижи да се грижи за овој здравствен дом. Истовремено, како студент по медицина на Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Централен Мичиген, императивот за ублажување на човечкото страдање нè турка напред. Нашата цел е да гарантираме дека секој пациент, особено сограѓаните Македонци, ќе ја добијат основната грижа што ја заслужуваат. Соработката со организации како што се ОМД и медицинската мисија Датилио е клучна за нашата визија, бидејќи ни овозможува да работиме колективно кон обезбедување основни медицински материјали за повеќе Македонци на кои им е потребна, создавајќи иднина каде што здравството ќе допре до секој агол на Македонија“.

Ко-основачот и член на Управниот одбор на ОМД Методија А. Колоски рече:

„Не можеме да бидеме повеќе благодарни на World Medical Relief за обезбедувањето на оваа дарежлива количина медицинска опрема и материјали за Македонија, втор пат по ред, особено на нашиот македонски-американец Александар Бежановски, кој помогна во водењето на овој проект, заедно со директорот на ОМД на теренот во Македонија Гордан Јорданов. Драго ни е што нашите драги пријатели од Вермонт Генералот Дуби и медицинската мисија Датилио ни се придружија уште еднаш за да помогнат во ублажувањето на здравствените предизвици во земјата.

Генерал-полковник Мајкл Дуби, генерал-аѓутант на Националната гарда на Вермонт (2006-2012) и добитник на наградата за пријателство на ОМД со Македонија за 2012 година, изјави:

„Медицинската мисија Dattilio со седиште во Вермонт, САД, е многу задоволна што може да биде партнер со World Medical Relief и организацијата Обединета Македонска Дијаспора за поддршка на неодамнешната испорака на медицински материјали во Клиничката болница д-р Трифун Пановски, во Битола, Македонија .

Директорот на ОМД за Македонија и Европа Гордан Јорданов изјави:

“Огромна чест и задоволство е токму за време на божиќните празници да бидеме во можност ние како организација по втор пат да организираме донација на медицинска опрема од овој карактер а со тоа заокружиме 1 милион американски долари во медицинска опрема да бидат доделени до нашите клинички болници во Македонија. Се надеваме дека овие акции ќе станат традиција и секоја година ОМД ќе биде во можност да направи контрибуција во модернизирањето и развивањето на здравствениот сектор како и помогне во осигурување на основните потреби на пациентите во Македонија.”

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе