Делегација на Општина Берово го посети гробот на починатиот пожарникар Жан Кофол

Нова Горица, 01.10.2023

Со посета на гробот на прерано починатиот пожарникар Жан Кофол, Општина Берово го одбележа споменот на двегодишнината од неговата смрт. Активноста е дел од посетата на делегацијата од Општина Берово на Општина Нова Горица во Република Словенија.

– Жан Кофол беше млад доброволен пожарникар од Словенија кој учествуваше во гаснењето на пожарите кои избувнаа во август 2021 година, кој прерано загина по враќањето дома. Во негова чест и спомен општина Берово минатата година именуваше улица која го носи неговото име, преку која ќе се сеќаваме на неговото херојство, жртва и посветеност, истакнаа градоначлникот на Берово Звонко Пекевски.

Во рамки на посетата на Република Словенија пожарникари од Берово заедно со колегите од Доброволното противпожарно друштво „Нова Горица“ реализираа повеќе активности, меѓу кои и неколку обуки за гаснење пожар на отворен и во затворен простор.

Градоначалникот Звонко Пекевски со неговиот колега Само Турел, разговараа за продлабочување на можностите за соработка во делот на туризмот, прекуграничната соработка, противпожарна заштита и заштита на животна средина.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе