Универзитетот „Гоце Делчев“ со политика на ослободување од партиципација за студирање на…

Штип, 03.10.2023

На првиот академиски час на Универзитетот „Гоце Делчев“ меѓу студентите, а посебно меѓу бруцошите, со видлив ентусијазам беше прифатен дел од говорот на ректорот, проф.д-р Дејан Мираковски кој се однесува на политиката на ослободување од партиципација за студирање на повеќе категории студенти.

Ректорот проф.д-р Дејан Мираковски

Еве што, на оваа тема која израдува бројни млади луѓе кои Универзитетот „Гоце Делчев“ го одбраа како своја база за напредок во живото преку осварувањето на целите за квалитетно студирање, рече ректорот Мираковски:

Од дел од партиципација за студирање ќе бидат ослободени талентирани млади, млади од социјално ранливи категории, како и целосно ослободување од партиципација на нашите идни филолози – македонисти, како поддршка на негувањето и чувањето на македонскиот јазик.

„Токму во овој дух на солидарност и грижа за младите, нашиот Универзитет воведе политика на ослободување од партиципација за студирање на различни групи студенти, меѓу кои: талентирани млади, млади од социјално ранливи категории, како и целосно ослободување од партиципација на нашите идни филолози – македонисти, како поддршка на негувањето и чувањето на македонскиот јазик. Со задоволство можам да кажам дека креираниот софтвер за млади таленти, кој го почнавме како чекор на минатиот прв академски час, ги дава првите резултати и се полни со бројни имиња на млади талентирани луѓе со освоени национални и меѓународни награди.

Наскоро ќе започне активната поддршка на овие млади таленти со ставање на ресурсите на Универзитетот на нивно располагање, како што ветивме. Универзитетот „Гоце Делчев“ одлучно продолжува да чекори кон континуирано унапредување, како и приспособување кон потребите на младите и нашата држава“…

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе