Гостиварец е осомничен за силување на 13-годишно девојче кое што го запознал на социјалната мрежа Снепчет

Гостиварец на возраст од 22 години е осомничен за извршување на сексуален чин со силување на 13-годишно девојче на втори јануари, информираат од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Гостивар (ОЈО Гостивар) повело истрага поради основано сомнение за извршено кривично дело – силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Со жртвата се запознале преку социјалната мрежа „Снепчет“ и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одзел мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзина волја, заканувајќи и се да не кажува никому.“ се вели во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи би можел да се даде во бегство, да влијае врз детето-жртва и други сведоци или да го повтори делото.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе