Илон Маск јавно поддржа повик за САД да ги напуштат НАТО и Обединетите Нации

Милијардерот Илон Маск во објава на неговата социјална мрежа „Х“ вчера се согласи со друг корисник на платформата дека е време САД да ги напуштат НАТО и Обединетите Нации (ОН).

Веста доаѓа откако неколку републикански пратеници поднесоа предлог-закон за излегување на САД од ОН, тврдејќи дека организацијата не се усогласува со агендата на администрацијата на Трамп – „Америка на прво место“.

САД беа меѓу неколкуте земји, вклучително Русија, Белорусија, Израел и Унгарија, кои гласаа против резолуцијата на ОН на крајот на февруари со која се осудува руската инвазија на Украина во целосен обем.

И НАТО и Обединетите Нации беа основани од САД и другите победници во Втората светска војна, со цел да се промовира дипломатијата и соработката меѓу народите, но и да се спречи нова глобална војна.

Маск, кој истовремено е неодамна избран американски функционер, во моментов го предводи таканареченото Министерство за ефикасност на владата (Department of Government Efficiency – DOGE), кое намали значителни владини трошоци, вклучувајќи и странска помош.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги критикуваше другите земји од НАТО за нивниот недоволен придонес во воената алијанса и повика земјите-членки да стават цел од 5% од своите БДП-а за НАТО.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе