Инвестираме во роботи и роботски линии но без човечкиот фактор не се може

Интервју со Иле Николов, првиот човек на штипска „Актива“ доо

 Штип, 10.11.2023

„Актива“ доо и годинава продолжува да ја следи и реализира својата развојна политика, а за повеќето важни аспекти на компанијата која достигна бројка од 550 вработени разговараме со нејзиниот прв човек Иле Николов.

Г-дин Николов, како годинава стоите во делот на развојните политики?

-Имаме зголеми нарачки од наши деловни партнери кои ја наметнаа потребата од изградба на нов производствен погон од 5.000 метри квадратни. Во новиот погоне ќе произведуваме шасии за дробилки за камен за германската компанија „Клема“. Со овој потфат вкупниот производен простор го зголемуваме на 45.000 метри квадратни. Во нашите планови е новиот погон да  биде готов до меец мај, идната година. За нас е важно тоа што и понатаму имаме стабилно производсто зашто по годините со Ковид 19 ни се вратија нарачките за познатите светски компании Тисен Груп, Ван Хол, Фаст Глобал. Имаме нарачки, имаме работа, а за целата идна 2024 година 70 проценти од нашите капацитети веќе се пополнети со работа која е веќе договорена.

Наша претпоставка е дека за новиот погон ќе ви биде потребна нова работна сила, и тоа не било каква туку квалификувана за работите кои ќе се извршуваат. Дали таква работна сила има на пазарот на трудот, и дали тоа може да биде проблем?

-Зголемениот обем на работа секогаш бара и зголем број на работници, една  нова работна сила и нова енергија. Во право сте кога го поставувате ова прашање и во ваква форма бидејќи на пазарот на трудот има се помалку стручен кадар. „Актива“ доо нуди одлични услови за работа, кај нас просечната  нето плата е 35.000 денари, максималната плата во непосредното производство изнесува 50.000 денари, додека минималната плата во рамките на компанијата изнесува 25.000 денари. Кај кадарот со високо образование платата изнесува од 60.000 до 100.000 денари. Кога говорам за условите за работа мислам и на бесплатната исхрана и на бесплатниот превоз кој го имаат вработените кај нас. Но, јас сум оптимист и сум на мислење дека соодветен кадар ќе се најде и ќе ја избере нашата компанија како место во кое, со својот труд, ќе си обезбеди добра егзистенција своја и на своето семејство.

Имаме информации дека дел од недостигот на квалитетна работна рака го надоместувате со инвестиции во автоматизацијата на лроцесот на производство?

-Да, тоа е така посебно во последно време. Инвестираме во машини кои ја заменуваат живата работна сила, во процесот на производство се повеќе воведуваме роботи и работни елементи за заварување, автоматски машини за обработка на одредени елементи. Купивме две роботски линии како и машина за доработка на алуминиумски профили за потребите на производството за Ван Хоол за ентериерно и екстериерно уредување на автобусите. Тоа е прва таква машина набавена во Македонија. Набавивме и ласерска туб машина за ласерско сечење на профили како и вотер џет машина сечење дебели лимови под висок притисок со вода. Набавивме и две нови ласерски машини за кроење лимови, шест роботи, килинг машини, дребонзи…Тоа го правиме со цел да го надоместиме недостатокот на работна сила што е процес кој ќе потрае. Сепак, сакам да кажам дека и за  новите машини се потребни оператори поради што ние наши луѓе праќаме на обуки во странство, во самите фабрики каде се едуцираат за работа со новите машини. Но, голем проблем е тоа што по обуките на лицата за кои ние издвојуваме големи финансиски средства, при првата прилика ако најдат работа во странство тие одат таму. А нас една обука на еден оператор на машина не чини од 5.000 до 20.000 евра.

За тоа што дел од младите одбиваат да работат во домашните компании голем удел имаат и медиумите со своите негативни приказни за лоши работодавачи кои на „суров“ начин раководат со фабриките и не ги почитуваат своите вработени. Можеби тоа некаде е така, но не сите компании и не сите работодавачи имаат таков однос кон работниците, кон трудот. Како и насекаде и во медиумските приказни треба да се издвои доброто од лошото, да се дадат аргументи за едното и за другото, а не се да се става во ист кош.

Колку инвестиравме во новите роботски лини и во  новите машини?

Инвестицијата изнесува 6 милиони евра. Ја користам приликата јавно да и се заблагодарам на Комерцијална банка која постојано не поддржува во нашиот развој со кредитни линии. Исто така изразувам благодарност и до Владата на РСМ за субвенциите од десет проценти од вкупната инвестиција, кои субвенции ги добивме како финансиска поддршка за развојот кој го остваруваме како извозно ориентирана компанија.

Уште еднаш да се навратиме на кадарот. По ваше мислење зошто имаме криза во произведување на кадар за стопанството? Што е тоа што го прави голем проблемот, посебно ако знаеме дека стопанството е темелот на кој се гради секоја успешна држава.

-Мое лично мислење е, а тоа мислење се базира на искуство и следење на состојбите во образовните процеси, дека постои голема криза и во образованиот наш систем, а посебно во средното насочено образование. Според некои наши анализи дури 90 проценти од младите кои ќе завршат некоја форма на средно насочено образование се запишуваат на факултет каде на многу лесен начин доаѓаат до дипломи. Во ниту една развиена држава тоа не е така…

Што, според Вас, ја прави одбивноста на младите да работат во домашните компании?

-Мислам дека голем удел во таквата состојба имаат и медиумите со своите негативни приказни за лоши работодавачи кои на „суров“ начин раководат со фабриките и не ги почитуваат своите вработени. Можеби тоа некаде е така, но не сите компании и не сите работодавачи имаат таков однос кон работниците, кон трудот. Медиумите треба да и ги доставуваат на јавноста и позитивните приказни за успешни компании чии сопственици знаат дека нема успех со незадоволни работници и прават се за да има една позитивна синергија помеѓу нив. Јас за „Актива“ можам да кажем дека сме компанија која одамна има изградено еден одличен однос со вработените и на таа основа ние ја градиме нашата успешна приказн. А такви фирми, компании кај нас имаме многу.

Јас лично почесто имам разговарано со поголем дел од вработените во нашата компанија кои посакале да заминат на работа во странство. Ги прашувам во што е причината што не скаат да си останат таму каде што им се корените. Тие велат дека во и од „Актива“, од условите за работата, платата но не се задоволни од системот за кој велат дека има многу недостатоци, всушност тие укажуваат дека имаме еден страшно неправеден систем.

Во задниве години многу стопански компании вложуваат во фотонапонски централи кои ги инсталираат главно на покривите од своите погони. Тоа се прави заради намалување на трошоците за електрична енергија. Како на овој план стои „Актива“ доо?

-Ние сме голем потрошувач на електрична енергија, класифицирани сме во таа група потрошувачи, па поради неопходноста да имаме енергетска безбедност на покривите од нашите погони инсталиравме фотонапонска централа од три мегавати, а во моментов работиме на инсталирање на фотоволтаици од кои ќе се произведуваат дополнителни 0,5 мегавати струја. Тоа ќе значи дека сме ги задоволиле сите свои потреби од електрична енергија, а она кое ќе преостане како вишок ќе го продаваме така како што тоа го налага законот.

Вашата компанија го изгради најубавиот станбен комплекс во градот, познатиот Грин Гарден. Ги продадовте ли сите станови или…

-Целиот проект Грин Гарден ќе биде комплетно завршен идната година. Ги привршуваме последните две згради кои ќе  бидат готови до месец септември. Во станбениот комплекс изградивме 336 стана и сите се продадени. Тоа говори дека штипјани знаат што е квалитетно домување.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе