Израел ја прекина помошта за Газа за да изврши притисок врз Хамас да прифати нов предлог за прекин на огнот

Израел во неделата го запре влезот на сите стоки во Појасот Газа и предупреди на „дополнителни последици“ aко Хамас не прифати нов предлог за продолжување на кревкиот прекин на огнот, пренесе АП.

Хамас го обвини Израел дека се обидува да го попречи постојниот договор за прекин на огнот и рече дека неговата одлука да ја прекине помошта е „евтина изнуда, воено злосторство и бесрамен напад“ на примирјето, кое се склучи во јануари, по повеќе од една година преговори.

Сепак, двете страни не кажаа дека прекинот на огнот завршил. Првата фаза од прекинот на огнот, која вклучуваше зголемена хуманитарна помош, истече викендов. Двете страни допрва треба да преговараат за втората фаза, во која Хамас требаше да ослободи десетици преостанати заложници во замена за израелско повлекување и траен прекин на огнот.

Египет, кој беше клучен посредник меѓу Израел и Хамас, го осуди затворањето и го обвини Израел дека го користи „гладувањето како оружје“.

Министерот за надворешни работи Бадр Абделати повика на итно спроведување на фаза 2 од постојниот договор за прекин на огнот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе