KОЧАНИ: Форум за 50.000 швајцарски франци
Кочани, 17.06.2019
Денеска во 12 часот во холот на Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани ќе се одржи првата форумска сесија од Форумот во заедницата што се спроведува во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ на УНДП.
Со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, Општина Кочани ја има можноста да намени 50 000 швајцарски франци за проект односно проекти за кој/и ќе одлучат граѓаните.