Kочани нема специјалист физијатар, голем дел од истокот на прегледи само во петок

Koчани, 17.06.2019

Ден паток. Преполна чекалница во работната единица за физикална терапија и рехабилитација во болницата во Кочани. Дел од нив во инвалидски колички, потпрени на штаки и други помагала чекаат за преглед. Ги има од Кочани, од Берово  и Пехчево, од Делчево, Македонска Каменица и Виница, и од општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

Секој петок за специјалистички преглед на пациентите од Штип во Кочани доаѓа д-р Ленче Николовска, специјалист физијатар во штипската Клиничка болница. Со доктор Николовска е и вредниот медицински персонал од физикална терапија и рехабилитација. Неретко прегледите, поради бројноста на пациентите, траат и до полноќ.

bk
Екипата од физикална терапија со д-р Ленче Николовска (десно)

-Тоа што осум години немаме специјалист физијатар, тоа е голем проблем и за нас и за пациентите посебно. Претходно овде доаѓаше специјалист од Кратово, сега ни доаѓа доктор Николовска од штипската Клчиничка болница, но тоа не е доволно. Не е доволно бидејќи кај нас доаѓаат пациенти од осум општини во кои живеат над сто илјади граѓани. Дневно имаме од 70 до 80 пациенти кои доаѓаат на рехабилитација, додека во петокот на специјалистички прегледи бројката станува и поголема. Неизмерно сме и благодарни на доктор Николовска, зашто откако таа прифати секој петти ден во неделата да доаѓа во нашата болница успеа да донесе и три апарати кои се многу значајни за пациентите. Од нашето работење имаме позитивни ефекти, сите не фалат, рентабилни сме и не ни е јасно зашто осум години нашата болница не добива специјализација за физијатар, вели Ленче Јанева, одговорен терапевт.

Според нашите соговорници од физикална терапија и рехабилитација има бројни пациенти кои не сакаат да користат боледување. Таквите доаѓаат на терапија во своето слободно време за утредента пак да се на работните места.

Во однос на овој проблем упорно го баравме д-р Александар Серафимов, директор на болницата во Кочани, но тој не реагираше воопшто на нашите пораки. Поради тоа останавме покуси за одговор на најважното прашање – дали раководството на болницата барало и бара специјализација за физијатар и ако е таков случајот кој е одговорот на Министерството за здравство.

Проблемот може да стане и поголем зашто пет месеци доктор Николовска нема договор за работа во болницата во Кочани, а и покрај тоа бидејќи преку мој термин на прегледи се јавуваат многу пациенти таа не сака да ги остави без да бидат прегледани. Персоналот вели дека е жалосно пациентите врзани за инвалидски колички, или оние кои одвај се движат со помош на медицински помагала да мора да патуваат во Штип на специјалистички прегледи.

-Нам ни е неопходен специјалист фтизијатар како што на секој жив створ му е потребен воздухот. Кога велам нам мислам пред се на нашите пациенти но и на персоналот кој посветено си ја извршува работата. Ова, во името на вработените го рече  одговорниот терапевт Ленче Јанева.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе