Како да се изградат мостови за учењето за одржлива енергија: Регионална конференција нуди одговори на клучните прашања

Земјите од Западен Балкан се пред некои од најважните промени на нашето време. Зелената транзиција може да биде поддржана од социјалните актери преку образованието, негување на културата на дијалог, јавна дебата и соработка

Релевантноста на зелената транзиција за образованието и за енергетскиот сектор и целокупното социјално влијание што се очекува да се случи во земјите од Западен Балкан, е во фокусот на регионалната он-лајн конференција Edu-Energy Conference: Building Bridges for Sustainable Energy Learning, што ќе се одржи на 15 март годинава и на која ќе учествуваат реномирани експерти од областа на енергетската транзиција, образованието, заштитата на животната средина и тн.

„Зелената транзиција може да биде поддржана од социјалните актери преку негување на културата на дијалог, јавна дебата и соработка за поддршка на образованието за одржлив развој и справување со зголемената побарувачка за зелени вештини, работни места и одржливи услови за вработување“, се посочува во најавата за конференцијата.

Конференцијата за некои од најважните промени на нашето време е од меѓународен карактер и има за цел да ги обедини засегнатите страни од образовниот и енергетскиот сектор, вклучувајќи креатори на политики, министерства и релевантни агенции, експерти за имплементација на зелена агенда, развој на образованието и социјална одржливост, претприемачи, професионалци за надградба на приватниот сектор, компании итн. Обединувајќи претставници од релевантни институции, експерти и практичари, конференцијата тежнее да отвори социјален дијалог за тоа како да се поддржи зелената транзиција преку одржливо образование.

На почетокот на Конференцијата воведни обраќања ќе имаат Љубинко Савиќ, секретар на Здружението за енергетика и рударство, од Трговската и индустриска комора на Србија, Ивана Марковиќ Бошковиќ, виш експерт за зелена агенда, регионална соработка Совет – СРС, Николас Хегер, проект менаџер, Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – ГИЗ, и Тина Шариќ, директорка на Иницијативата за образовни реформи на Југоисточна Европа – ERI SEE.

Конференцијата ќе има неколку панели. На првиот панел под наслов: Навигирање на развојот на енергетскиот сектор, ќе стане збор за производството и потрошувачка на енергија во Западен Балкан, како и за патот кон одржлива енергетска иднина на Западен Балкан.

Вториот панел е посветен на една исклучително важна тема, поддршка на образованието на секторот за обновливи извори на енергија, а потоа ќе има и дел за социјалната одржливост, родова еднаквост и системите за обновлива енергија, при што фокусот ќе биде врз енергијата и општество – помеѓу технички решенија и длабоки општествени дебати.

Во рамките на секој од панелите предвидени се и прашања, со што ќе се овозможи динамичност и активно учество на сите оние кои ќе ја следат конференцијата. Заинтересираните може да се регистрираат на следниот ЛИНК.

На овој начин ќе се отвори дискусија за релевантноста на зелената транзиција за образованието и енергетскиот сектор и целокупното социјално влијание што се очекува да се случи во Западен Балкан, што е и целта на Конференцијата.

Конференцијата е резултат на соработката на Иницијативата за реформи во образованието на Југоисточна Европа (Education Reform Initiative of South Easten Europe – ERI SEE), Германската организација за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – GIZ) и Стопанската и индустриска комора на Србија во рамки на имплементираниот проект за обновливи извори на енергија во образованието и обука, како компонента на регионалниот проект Зелената агенда: Декарбонизација на секторот за електрична енергија во Западен Балкан, имплементиран од ГИЗ.

Иницијативата за образовни реформи на Југоисточна Европа (ERI SEE) е регионална платформа за соработка во областа на образованието и обуката. Ги поддржува националните реформи во образованието и обуката преку различни регионални. Во моментов, членови на Управниот одбор на ЕРИ ЈИЕ се министерствата потписнички на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија, КултурКонтакт Австрија во име на австриското Министерство за образование и Регионалниот совет за соработка (RCC). (М.Ј.)

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе