ВО ОХРИД ВРАЧЕНИ КНИЖЕВНИТЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРА НЕОБЈАВЕНА ПЕСНА ЗА ДЕЦА, ”ТОДЕ“ НА “КРЕАТИВНА ВЕРИГА”

Охрид, 7 март 2024

– Сузана Георгиевска, од Прилеп, за песната “Песна за една врана ненаспна” е добитничката на првата награда од Конркурсот за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски, распишан од  Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“.

Втората награда ја доби Јана Стојаноска, ученичка во средно образование,  од Охрид, за песната “Оглас на Истаграм”, додека третата и припадна на Слаѓана Ставрева, за песната “Сватови зеленчуковци”.

Во име на жири комисијата, чиј претседател беше Виолета Танчева-Златева, се обрати и образложи, Зоран Јакимоски.

-На Конурсот пристигнаа 103 песни, отпеани на високо рамниште и со воедначен квалитет, исткаени на современ начин и со впечатлив израз, со изобилство на стилски фигури, чиста лексика и чист поетски израз напомена, мегу другото, Јакимоски.

Песни од Тоде Илиевски, поет, енигматичар, сатиричар, преведувач…кој остави трајни вредности, посебно во книжевноста за деца, читаа ученици од основните училишта во Охрид.

Пред бројниоте присутни се обрати Мерсиха Исмаиловска, додека за творечкиот опус говореше поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

-Тоде го пееше светот во неговата вкупна густина – бои, мириси, растенија, природа, добрло, зло…Неговото дело, и за возрасни и за деца, е симболичен израз и поетска дефиниција на животот, која целосно одговара на перцепцијата на различните афинитети и старосните нивоа на читателите, рече, мегу другото, Ѓорѓо Димоски.

Наградените, три песни од Конкурсот, ќе бидат објавени во деветтиот број на електронското списание „(е)Лит“, што го објавува здружението „Креативна верига“.

Најмладиот учесник, второнаградената авторка, Јана Сиљаноска, од страна на Здружението за литература и култура “Мацково”, истовремено, се стекна со право и доби покана за учество на шестиот по ред, Балкански поетски камп за млади и деца “Ванчо Николески”, што ќе биде традиција, бидејќи Тоде Илиевски, како поет и подалечен роднина, се вгради и во заживувањето и првите години од одржувањето на оваа книжевната манифестација.

Настанот се одржа со поддршка на локалната власт во Охрид, во чие име се обрати советнкичката Ана Крстеска,  во големата сала на општината.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе