Изјава на унгарскиот претседател Виктор Орбан по вонредниот самит на ЕУ на 06.03.2025 г., за тоа дека планира да одржи референдум во неговата Унгарија за проширувањето на ЕУ со Украина, се претвори во дезинформација предизвикана од погрешен наслов, пренесуваме текст во целост од Вистиномер.
Во медиумска објава на Фејсбук се наведува уште во насловот:
ПО БРИТАНИЈА ЕУ ЌЕ ОСТАНЕ И БЕЗ УНГАРИЈА? Орбан најави референдум да се преиспита членството во унијата, се вели во насловот.
Во самата вест се наведува следниот текст:
Унгарскиот премиер Виктор Орбан одлучи да распише референдум за прашањето за членството на Украина во Европската унија, јавија унгарските медиуми.
Премиерот синоќа пред претставниците на медиумите во Брисел, каде се одржа вонредниот самит на ЕУ за Украина, изјави дека прашањето за пристапувањето на Украина во европскиот блок треба повторно „сериозно“ да се постави и дека во сегашните околности мора да се донесе „одговорна одлука“. Таквата одлука не треба да се носи без јавноста, па референдум за ова прашање ќе се одржи во Унгарија, додаде Орбан. Според него, тоа може да се очекува во следните недели.
Дваесет и шест земји-членки на ЕУ – со исклучок на Унгарија – потпишаа заедничка декларација во Брисел за поддршка на Украина.
Според Орбан, финансиската помош за Киев, во комбинација со „товарот“ од можното членство на Украина во ЕУ, е надвор од можностите на европската економија. A финансиската помош за Украина „би нанела голема штета за Европа, гласи целосно веста.
Може да се забележи дека уште во првиот пасус станува јасно оти веста се однесува на Украина, а не на Унгарија. Но, во насловот, не само овој, туку и на повеќе други медиуми кои ја емитуваа истата вест стои:
Орбан најавува одржување референдум за членството на Унгарија во ЕУ
Фото: Скриншот од насловите на Тајм.мк
Фото: Скриншот од насловите на Грид.мк
Фото: скриншот МИА.мк
Веста со таков наслов можеше да се најде и на агенцијата МИА.мк, од каде најверојатно потекнува изворот на дезинформацијата во насловот кај сите други медиуми.
Некои од медиумите, како Нетпрес ја увиделе грешката и ја поправиле.
Фото: Скриншот Грид.мк
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар