Како со јазикот можете да убиете човек

• Еве која порака ја испрати Папа Франциско од средбата со новинарите во 2016 година

Штип, 20.06.2023

Дезинформациите, особено електронските дезинформации се шират и никој не е имун. Тие се закана во пораст за нашите општества. Борбата против дезинформации бара добро координиран и целосен пристап од општеството и партнерство меѓу државните институции, медиумите и граѓанското општество. Ова е заклучокот на панелистите од денешната конференцијата „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“, организирана од Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“.

И додека во нашата држава на бројни дебати се говори за дезинформациите во јавниот простор и нивното влијание на општатата општествена клима, не е лошо да се потсетиме на една мудра мисла на Папа Франциско изговорена пред италијанските новинари во 2016 година, мисла цитирана од весникот Гвардијан:

-Во ерата на постојана покриеност со вести е уште поважно новинарите да ја бараат и презентираат вистината. Ширењето на гласините е пример за “тероризам или за тоа како можете да убиете човек со јазикот, рече Папата и додаде:

-Ова важи со уште поголема сила за новинарите, бидејќи нивниот глас може да стигне до сите и тоа претставува едно многу силно оружје.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе