КОЧАНИ со авионите на Бони Ер ќе прска против комарци

Кочани, 20.06.2023

Задутре (четврток, 22 овој месец) авионите на познатата македонска компанија за авио услуги „Бони Ер“ кои се стационирани кај селото Ерџелија, ќе извршат авионско прскање против комарци.

Ова е прво авионско третирање против здодевните инсекти кое беше закажано за пред некој ден, но поради лошите временски услови е презакажано за в четврток во раните утрински часови.

Стручни екипи на „Бониер“ ќе прска со еколошко средство за  уништување  комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците одобрен  од  Бирото за  лекови. Со авиотретирањето  ќе   бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани  и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  оваа општина.

Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето. Доколку се неповолни временските услови (ветер, дожд), третирањето ќе се одложи за наредниот ден, информираат од општината.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе