KOЧАНИ: Градоначалникот Илијев ги повика граѓаните да излезат на референдум

Кочани, 27.09.2018

Николчо Илијев, градоначалник на Кочани, денес јавно ги повика граѓаните на оваа општина масовно да излезат на референдум и да го дадат својот глас за европската перспектива на нашата држава.

„Ви се обраќам затоа што чувствувам граѓанска обврска да ве повикам да учествувате во креирањето на подобра иднина на Македонија.Вашето гласање ЗА, в недела, на 30 септември е обврска да ѝ помогнеме на Македонија да појде напред“, рече Илијев.

Тој потенцира дека тоа ќе значи дека градиме држава по европски правила и европски стандарди.

„Европските фондови ќе биде уште подостапни.Туризмот е само еден од правците за развој на Кочани. Без европски пари, неговото придвижување е речиси невозможно. Кочани ги има сите потенцијали да развие спа-туризам со геотермалната вода, да го стави ова природно богатство во рекреативни цели за своите млади сограѓани, за медицински цели за нашите возрасни жители. Знаеме какви резултати постигнуваат нашите соседи, кои се веќе во европското семејство.Ова е само еден пример зошто треба да гласаме ЗА“, рече Илијев.

Градоначалникот Илијев додаде дека овој референдум нема политичка димензија, туку има историско значење, во кое граѓаните, а не политичките партии, го имаат главниот збор – причина повеќе да се гласа на рефере ндумот.