КОЧАНИ: „Да гориш во пеколот“ порачаа кочанчани демолирајќи го кафулето на сопственикот на дискотеката во која животот го загубија 59 млади лица и обидувајќи се да ја запалате неговата куќа

Кочани, 17.03.2025

Со повиците „Сакаме правда“ и „Да гориш во пеколот“ поголема група жители на Кочани кои ги загубија најмилите во стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во градот на оризот денес на протести го искажаа својот гнев, Протестите на почетокот беа мирни но по само 15 минути станаа мниогу насилни.

Толпата гневен народ првин го уништи кафулето кое сопственикот на дискотеката го има во комплексот кафулиња во Трговскиот центар, а потоа тргнаа кон неговата куќа со намера да ја запалат.

Претходно групата се собра на плоштадот во градот од каде реката народ тргна кон зградата на Општината по која граѓаните фрлаа со јајца и тврди предмети, а помали камење беа фрлани и кон полицијата која го штитеше објектот.

Попатно масата го демолира автомобилот на сопственикот на дискотеката, но до палење на неговата куќа не дојде. Групата револтирани граѓани станува се поголема зашто кон неа се приклучуваат се поголем број главно тинејџери кои, на ваков начин, бараат правда за своите изгубени блиски, другари и пријатели.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе