Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот раст

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на економскиот форум BELTALKS 2026, кој вчера и денес се одржува во Белград, Република Србија, во организација на GLOBSEC.

 

Во рамки на форумот, министерот Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“.

 

„Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа на новите технологии и вештачката интелигенција. Имаме добар почеток, затоа што Македонија забележа раст на БДП од 3,7 проценти во првата половина од 2026 година и раст од 4,3 проценти во вториот квартал, во услови на ниска инфлација. Овој раст е воден и од инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата“, изјави Андоновски.

 

„Затоа сме тука – да отвориме нови можности за инвестиции во дата-центри, примена на вештачката интелигенција и развој на технолошки компании, како и да привлечеме што е можно повеќе компании, разновиден капитал и ново знаење во Македонија“, додаде министерот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе