КОЧАНИ: Градежни активности во Лесна Индустрија и Усова Чешма

Кочани, 07.03.2024

На неколку локации во општина Кочани се одвиваат градежни активности за уредување на патната и комуналната инфраструктура.

Во Лесна Индустрија се поставени цевки за атмосферска и фекална канализација и веќе се работи на машински ископ за порамнување на теренот за изградба на улицата „Новопроектирана 1“. Тековните работи ги изведува фирмата„Калина“ од Оризари, а во наредниот период ќе биде распишана јавна набавка за асфалтирање на оваа улица. Средствата во висина од близу 4 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Во населбата Усова Чешма, се поставува фекална канализација на крак од улицата „Мишо Арсов“. Работите ги изведува КЈП „Водовод“, а со изградбата на овој крак со канализацискиот систем ќе бидат поврзани десетина домаќинства.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе