КОЧАНИ: Хепенингот во чест на оризот преку јавно наддавање

Кочани, 06.09.2023

Традиционалната манифестација во чест на белото кочанско злато „Денови на оризот 2023“ ќе се одржи во Кочани од 27 септември до 5 октомври. По тој повод Општина Кочани распиша оглас за организирање хепенинг кој ќе се одржува во назначениот период на манифестацијата.

Хепенингот ќе се случува во Градскиот парк, а почетната цена на јавното наддавање е 5.000 денари со праг на наддавање од најмалку 1.000 денари.

Право на учество имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. За успешно јавно наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници.

Обврска на закупецот ќе биде да обезбеди минимум пет монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна и пијалаци, сувенири, ракотворби и слично.

Јавното наддавање ќе се спроведе на 11.09.2023 во 12 часот во просториите на Општина Кочани.

Сите останати потребни информации за огласот се наоѓаат на веб страницата на Општина Кочани.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе