ШТИП: НУЦК „Ацо Шопов“ во септември со театарски премиери, концерти на современа македонска музика, ликовни изложби, фестивали за деца…

Штип, 04.09.2023

Националната установа Центар за култура „Ацо Шопов“ и во месец септември на своите сограѓани им го збогатува културниот живот со мноштво културни проекти. Во програмата се планирани дури 18 настани од разни области: театарски претстави, музички концерти, хорски настапи, ликовни изложби, фестивали за деца…

-Имаме понуда за секој кој ја сака културата од било кој нејзин аспект. На 6 овој месец театарот премиерно ќе ја прикаже претставата „Лекција“, а истиот ден во Домот на култура ќе се одржи концерт за флејта и пијано на кој ќе бидат застапени дела од современата македонска музика. Наредниот ден ќе  биде репризата на театарската претстава „Лекција“, рече директорот Горан Трајков на денешната прес конференција.

Во Штип, во септемвриската културна понуда на  НУЦК „Ацо Шопов“ ќе гостува и групата Фолтин, ќе биде прикажана претставата „Во ресторанот“ на авторот Трајче Кацаров, ќе се одржи шестиот по ред интернационален фестивал на камерни хорови „Астибо фест 2023“, ќе има изложби на слики од Струмичката ликовна колонија, а децата ќе можат да се насладуваат и да уживаат во фестивалот за песни за деца „Весело штурче“ и на фестивалот за деца „Распеани срца“.

Театарот со свои претстави ќе гостува на фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово и на фестивалот „Ристо Шипков“ во Струмица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе