KOЧАНИ: Моника Миткова – Жетварска убавица за 2023 година

Кочани, 23.09.2023

Mоника Миткова е овогодишната жетварска убавица која овојпат е избрана по пат на електронско гласање. Фотографиите на девојките кои се кандидираа за оваа титула беа објавени на фб страницата на Општина Кочани, а секој кој ќе ги видеше имаше можност да гласа за некоја од нив по електронски пат.

Од вкупно седум кандидатки за прва придружничка е избрана Стефанија Соколова, а втора придружничка е Ивона Ефтимова.

Прогласувањето на жетварската убавица ќе се одржи в петок, на 29 септември во 20 ч., во Градскиот парк во Кочани, кога официјално ќе започне 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2023“.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе