Талентирани светски млади пијанисти го направија Штип светски центар на класичната музика

По втор пат Штип беше епицентарот на најдобрите млади светски пијанисти. Во Уметничката галерија Безистен, во организација на Интернационално здружение за културен развој и едукација Арт Фест Штип се одржа фестивалот за млади пијанистички таленти – Golden Piano Talents, на кој настапија 36 пијанисти од Израел, Монголија, Италија, Полска, Чешка, Германија, Шпанија, Турција, Србија, Холандија и Македонија. Извонредно беспрекорни и несекојдневни изведби, огромна радост, ентузијазам, емоции, креативност, насмеани лица и пријателство ја исполнија салата кога тие млади музичари свиреа и славеа заедно. Тоа беше уникатен приказ на различноста на музичката култура и секако доказ дека музиката ги обединува луѓето – убедливо важна порака во вакви времиња. Пијанистите  направија неверојатно прекрасна атмосфера свирејќи 8 рецитали, концерт на Македонските пијанисти и големиот свечен концерт на кој на пијанистите и на нивните наставници им беа доделени парични награди, плакети, медали и подароци. Штип беше светски центар на класичната музика.

Пијанистите кои настапија на фестивалот беа избрани претходно на натпреварот Golden Piano Talents,  на кој беа оценувани од 9-члено стручно жири, составено од познати светски пијанисти и педагози по пијано: Џулијано Адорно – Италија, Екатерина Георг.-Ледфорд – Америка, Ирина Новикова – Русија/Тајланд, Јекатерина Ростовтсева – Естонија, Нативидад Баларин – Шпанија, Драгомир Братиќ – Србија, Александра Радосављевиќ – Босна, Леа Маркович – Шантек – Хрватска и Марија Максимова – Македонија. За Лауреати беа прогласени Јан Шулсмајстер од Чешка и Матиас Антонио Главинич од Италија. На фестивалот Golden Piano Talents 2023 настапија неколку од победниците во сите категории и дисциплини.

Година за прв пат беше доделена и специјалната награда „Ирена Спасикова“ за посебна посвета, успеси и достигнувања во педагогијата по пијано, која беше доделена во рацете на проф. Тсенгелмаа Тумуркхаан од Монголија.

„Честитки до сите нив и нивните посветени педагози  по пијано. Беше вистинска чест и задоволство да се слушнат во живо овие прекрасни пијанисти: Антониа де Пасквале – Италија, Рубен Русо – Германија/Шпанија, Мар Санчез Доменек – Шпанија/Холандија, Шани Капелушник – Израел, Јоана Маја Јасновска – Полска, Максимилијан Маницки – Полска, Адриан Теран – Шпанија, Валентина Вознук – Чешка, Владислав Вознук – Чешка, Уранлкхам Бат Ердене – Монголија, Алекса Вељковиќ – Србија, Сендер Ган-Ердене – Монголија, Гунџ Тенсгиболд – Монголија, Кхонгорзул Батсенгел – Монголија, Нилда Алтуг – Турција, триото Лејла Сијарич/Ина Даи/Анастасиа Габа-Дови – Германија и нашиот млад пијанист Стефан Ончев кој освои максимум бодови во својата категорија. На концертот на Македонски млади пијанисти настапија: Елиза Николоски, Нела Гегова, Александар Карапанџов, Софија Патраклиска, Веда Цонева, Тамара Ушинова, Сара Андев, Јован Цветанов, Кристина и Софија Ангелови, Теодор Смиљков, Софија Петковска,Теодор Прошев, Гала Булатовиќ, Дора Пајдакова, Јулијана Јанев и Златица Лазарова“, изјави уметничкиот директор Марија Максимова.

На свечениот концерт беа доделени медали и плакети на заслужни наставници на пијанистите кои се настапија на Фестивалот Golden Piano Talents. Добитници се: проф. Д-р Анна Јасновска од Полска,  проф. Далаисетсег Нуамбалаи од Монголија,  проф. Инна Ташкалова од Германија, а оваа година за прв пат беше доделена и специјалната награда „Ирена Спасикова“ за посебна посвета, успеси и достигнувања во педагогијата по пијано, која беше доделена во рацете на проф. Тсенгелмаа Тумуркхаан од Монголија. Честитки за сите нив! Реакциите на Фестивалот се повеќе од фантастични и стигнуваат од сите страни на светот.

„Ви благодариме на поддршката и ќе работиме на идејата Штип и понатаму да биде светски подиум на најдобрите млади пијанисти кој ќе ги мотивира и инспирира во нивната понатамошна работа“, порача проф. Макимова..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе