Беше очекувано, првично одредениот рок за поднесување апликации на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025, до крајот на октомври, да биде продолжен од страна на Министерството за култура и туризам.
На последниот ден, вчера, од Министерството беше соопштено дека “пролонгирањето е поради техничките проблеми кои настанале со преоптоварувањето на системот”.
Сега, пријавите ќе може да се праќаат до 5 ноември, вторник, до 16 часот.
За воља на вистината, од Министерството, беше навремено укажано за можност од таков проблем, за што беа искористени работните регионални средби, во повеќе градови во земјата, одржани во првата половина на октомври.
Стара навика кај нас е работите да ги завршуваме во “пет до дванаесет”, те, не случајно, работните групи беа сконцентрирани само на објаснувања од технички карактер, иако, во принцип, не е само во тоа проблемот.
На работните средби интересот кај апликантите не беше на очекуваното ниво и во број каков што ќе биде кога ќе се соберат сите апликации. Некаде поголем беше бројот на составите на работниоте групи, главно членови на комисиите кои ја вршат претходната проверка и селекција на понудените проекти и даваат мислење.
Тоа, од една страна, говори дека на ниско ниво е и довербата кон Министерството, разнишана од многубројните афери, особено на доскорешната министерка, Бисера Костадиноска Стојчевска и начинот на кои се одобрувани, или, одбивани проектите.
Или, пак, можеби, имало претходно одобрување во партиските штабови, те, на апликантите и не им биле потребни објаснувањата од официјалните лица.
Новиот министер Љутков обелодени дека одобрувањето се вршело со “тресење од ракав!”, додека за одбивањето, како, впрочем, и за одобрувањето, партиската диоптрија била премногу изострена.
Во секој случај, за пофалба е и одобврување остварената претходна комуникација измеѓу апликантите и ресорната администрација. Членовите на работните групи, на регионалните средби, не сакаа да се впуштаат во прашања и дилеми кои произлегуваат од начинот како се водело Министерството. Прашањата требало да се упатуваат до министерката, сега пратеничка, што е можеби оправдано од нивни аспект, но каде ние да ја бараме веќе бившата министерка и дали само таа е овластена. Од друга страна не можат да се одвојат политиките што ги водела министерката од начинот и постапките за аплицирање, дури и од технички аспект посматрано.
Навистина моќта на министрите кај нас не е мала, особено ако е надополнета и со висока партиска функција, неодговорност, човечка незрелост и неизживеаност, каков што беше случајот со министерката.
На јавноста и е познато тоа, беа изнесени фрапатни примери на душманско трошење народни пари, а од вчера почна и “сезонтата” на кривични пријави до обвинителствата.
Криминалните дејанија треба да се докажат низ судска постапка. Засега презумпцијата е на сцена, заедно со прашањето: како било можно, на тоа апсолутистичко владеење, никој навреме да не укаже, никој од Министерството да не се огласи, (не)прифаќајќи го и ризикот за лични последици?
Прашањето е дали сите советници, советодавни тела, членовите на комисиите, односно оние кои селектирале и предлагале за одобрување, односно одбивање, сносат некаква одговорност, макар и само морална?
Досега не слушнавме дека е упатена критика, или побарана санкција и за нив, ниту пак, за целиот мандат на министерката ќе, некој се осмелил да излезе и јавно да укаже, или, се огради од постапките на министерката од кои, сега, сите се згрозуваме, вклучително и членството на нејзината партија.
Доколку беше поинаку и навреме се превенираше, последиците немаше да се со тежината каква ја имаат денес. Направени се непоправливи штети, а можело навреме да се укаже.
Тоа е малку чудно за едно демократско општество кое пледира на отчетност и одговорност, но ситуацијата е таква. Одговорен е само еден, оној што ги потпишувал, а не и оние кои ги подготвувале решенијата и одлуките. Ништо не знаел заменик министерот, ниту ракводителите на отсеците, ниту членовите на комисиите – внатрешни, или надворешни.
Никој не укажува на поими како, споделена одговорност, на што треба да повнимава, сега, особено, новиот министер. Со довербата што ќе им ја даде на најблиските соработници, да ја подигне и нивната одговорност, односно отчетноста пред јавноста.
Само два примери, кои ќе ја отсликаат апсурдноста на досегашното поведение: никој нит видел, нит слушнал! Никој, на пониските структури, не им се мешал во пропишаните надлежности! Ниту ги навредувал и повредувал! Но, како е тоа можно?
Прв пример: Министерката, кандидат и коносител на изборна листа на парламентарните избори, во функција на предизборно собирање гласови – за себе и партијата, во родната Битола, односно нејзината изборна единица, одвоила и исплатила сума, од две-три илјади евра, за, внимавајте, “годишна конференција!” на Организацијата на Сојузот на борците и продолжувачи на традициите, за општина Битола!
Ниту тоа смеела да го направи, ниту таа конференција е од национален интерес во сферата на културата, ниту пак, културата е ресорот за такво нешто. Тоа е, ако веќе се сакало да се “подмачка!” Министерството за труд и социјална политика.
Е, сега, дали, помошните тела, како комисии и слично, чувари на “чекмеџето” од каде се дрпнати тие пари, претходно одобрилe, или не – таков проект? Ако одобриле, сносат конкретна, материјална одгловорност. Ако не одобриле,а биле (зло)употребени, исто така, сносат одговорност, нека биде и само морална, затоа што не кренале глас за тоа. Ниту, се охрабриле да ја известат јавноста, за нешто што е очигледно недозволиво.
Вториот пример е уште подрастичен. Датира од 2018 година, Антикорупциската комисија, а и истражните органи треба да постапуваат, макар и по допрен глас.
Одбиен е проект во делот на визуелните уметности. Одбиениот апликант, “не лези враже!”, се потрефил да е студентски колега на актуелен премиер во соседството. Информиран е некогашниот колега-студент, кој пак, го користи пријателството со својот колега-премиер кај нас.
Нормално нашиот премиер ќе побрза “да му учини!” на својот колега-премиер, те “пу-пу не важи!”, министерката, oтпосле одобрува неколку десетини илјади евра!!!
Пониските ешалони, составите на помошните тела, секако, дека не ја знаеле целата приказна, но сигурно виделе документ за одобрување, или налог за исплата. Како е можно тоа да го преќутеле, да не се навредиле, што биле така дрско прескокнати?
Вчера, министерката заработи и кривична пријава, на потег се обвинителствата, а, во мегувреме, се изнаслушавме обвинувања за работи кои ги правела (со сета должна почит кон институтот – прерзумпција), од кои, просто, во земја каде четвртина од населението не може да се прехрани, требна да му се згади на секој нормален човек.
Новиот министер, има што да учи од едно негативно искуство. Тоа со работните групи и регионапните средби беше дбар потег, исто, како што е сега и пролонгирањето на рокот за аплицирање. Сеедно што причината за одложувањето не лежи само во немарноста на апликантите, односно нивната недоволна информатичка умешност и оспособеност.
„Потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација“, вели Министерството.
Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.
Но, компјутерџијата кој го изработил тоа софтверско решение, и да сакал, не можел да ги предвиди сите замки и барања, пред кои се исправени апликантите.
Само еден пример. За да стигне до последното копче-испрати, треба да наведе многу детали и да реши барања кои се нерешливи во оваа фаза. Би требало да биде баба Ванѓа, па, уште сега да знае, кога ќе го распише огласот, кои ќе му бидат учесниците што ќе се пријават за фестивалот, односно манифестацијата која ќе се одржи после една година, или, некој месец порано догодина?
А, и зошто би распишувал, ако во меѓувреме, од Министерството добие решение со кое проектот му е одбиен затоа што министерката ги прифаќала, или одбивала самоволно и онака “истресени од ракав!”?
Министре Љутков, не се лутите, ако побараме да свртите нов лист во културната политика, она што самите го жигосувате, никогаш повеќе да не се повтори, на субјективизмот во одлучувањето, да му кажете ЗБОГУМ засекогаш, а, на помошните тела – многу повеќе самостојност, и уште повеќе – одговорност.