Штип, 06.12.2016 год
Владимир Милошев, претседател на Општинската организација на СДСМ и кандидат за пратени во третата изборна единица, на денешниот прес ја анализираше состојбата во државното здравство.
„После десет години владеење на ВМРО ДПМНЕ, македонскиот здравствен систем го карактеризираат: зголемена смртност кај родилките и новороденчињата, недоволна ефикасност и ефективност на здравствениот систем, огромно незадоволство на пациентите од лошите услови во здравствените установи; демотивираност и ниски плати на здравствените работници кои се причина за нивно заминување во приватниот сектор и странство, огромни финансиски долгови, преплатена медицинска опрема дури и за 250 %, големи провизии, недостиг на медицински кадар и основни материјали за работа, партиски вработувања ….
Јавното здравство е системски уништено. Стотици милиони се потрошени, а притоа многу човечки животи и здравје се неповратно изгубни.
Ова е реалната слика на македонскиот здраствен систем.
Планот за живот во Македонија нуди решение за излез од состојба во која се наоѓа здраствениот систем. Во првите две години ќе овозможиме:
– Обемната административна работа на здравствените работници ќе се намали, а грижата за пациентот ќе биде ставена во центарот на вниманието.
– Ќе обезбедиме бесплатно болничко лекување.
– Ќе обезбедиме лекарска заштита во приградските и руралните средини.
– Ќе ги укинеме квотите за рецепти и боледувања, со кои денес му се одзема правото на докторот да врши здравствена заштита според потребите на пациентите.
– Веднаш ќе ја зголемиме основната плата на сите здравствени работници за 15 %.
– Ќе го укинеме Проектот за плаќање по успешност
– Ќе ја вратиме дијализата во државното здравство со ревизија на договорите за дијализа.
– Ќе обезбедиме доволно лекови во аптеките во секое населено место преку редефинирање на месечните квоти.
– Навремена набавка на инсулин за болните од дијабетес на годишно ниво која ќе го спречи префрлувањето на пациентите од аналоген на хуман инсулин;
– Секој што има реална потреба за лекување во странство ќе добие позитивен одговор во најкус можен рок.
– Ќе ги зголемиме квотите на државни специјализации. Ќе дадеме предност на дефицитарните специјализации според потребите на здравствените установи и регионите.
– Ќе воведеме бесплатна специјализација за најдобрите 10 студенти во секоја генерација.
– Со промена во процедурите ќе обезбедиме сите вакцини да се набавуваат согласно принципот на квалитет, а не цена.
Македонија може и ќе биде поубава земја за живеење. На 11 декември, граѓаните ќе се одлучат за промени кои ќе го вратат животот во Македонија. Да го заокружиме
бројот 4
и со тоа да избереме просперитетна иднина, рече првиот штипски социјалдемопкрат Милошев!