Mинистерот Филипче најави нови вработување и плати до 100.000 денари за докторите
Штип, 7 Јули 2018
Mинистерот за здравство, Венко Филипче денес во штипската Клиничка болница ги промовира десетте нови пациент монитори наменти за коронарната единица. Се работи за донација на штипската фирма Телекабел. Истовремено Филипче ја промовира и новата индустриска машина за перење алишта за пациентите и за униформите на лекарите во операционите сали, но и на три лапараскопски апрати кои се инвестиција на самта Клиничка болница. Овој чин министерот го направи по обиколката на болницата во придружба на директорот Ален Ѓоргијев и државниот секретар Владимир Милошев.
„Сакам да ја најавма и тендерската постапка за набавка на ендоскоп која постапка е веќе во тек, а со ендоскопот докторите ќе можат да пружат и нов тип на здравствени услуги на пациентите“, рече министерот. Тој појасни дека новата Клиничка болница во Штип наместо до крајот на оваа ќе била готова една година подоцна.
„Првичната проценка беше дека градежните работи треба да завршат до крајот на оваа година, но после застојот од повеќе месеци рокот е пролонгиран. Од неодамна на објектот одново се работи па очекуваме тој да заврши негде во септември 2019 година. Имаме надеж дека делот во кој ќе биде сместен акцелераторот прв ќе биде изграден за во него да биде сместен акцелераторот, кој веќе е набавен и подолго време не може да се стави во функција“, посочи Филипче.
Филипче се сретна и со семејството на на родилката од Свети Николе, која почина по раѓањето на здраво машко дете. Тој информираше дека извештајот од Комисијата која е формирана од страна на министерството е готов, но се чека и на официјалниот наод од обдукцијата, која ја има извршено Судска медицина. По комплетирањето на документацијата што треба да се случи идната недела, истата ќе биде предадена на раководството на болницата и семејството.
Министерството за здравство, според министерто Филипе новите огласи за вработување ќе ги објави во септември. Најголеми потреби од кадар има во Здравствениот дом во Скопје, а исто така е и разгледано и барањето на штипската Клиничка болница за вработување на 100 лица од кои 26 се лекари.
„Недостатокот од лекари ќе го решаваме преку регионализација на здравствениот систем на територија на целата држава и со широко отворени порти за нови вработување. Министерот потсети дека за последните шест месеци
Во државава се вработени 1.200 лица, од кои дел на определено, а дел на неопределено работно време. Најголем дел од нив се лекари и медицински кадар, а многу мал дел се административци.
„Продолжуваме со трендот за зголемување на платите, после зголемувањето на сумата на дежурствата, кои што лекарите ја земаат на крајот на месецот во зависност од институцијата се зголеми меѓу 20 и 40 %. Во септември ќе има зголемување на основните плати, а од 1 јануари 2019 година се прават проценките за пресметка на средствата, кои што треба да се инвестираат во зголемување на платите на медицинскиот персонал и кај докторите платите да изнесуваат 100.000 денари, вели Филипче.