ШТИП: Десет активни зони за штипјани да вежбаат

Штип, 07.07.2018

Десет штипски населби во кои живеат поголем број граѓани добиваат свои зони за активно вежбање. Според градоначалникот Благој Бочварски, една од приоритетните цели на новата локална самоуправа е создавање услови за стекнување и негување здрави навики кај граѓаните преку практикување спортски и рекреативни активности.

 „Денеска промовираме еден нов проект којшто го реализира Општина Штип, а со цел зголемување на спортските активности на младите. Поставуваме десет активни зони за спортување во Општина Штип преку коишто ќе ги мотивираме младите да спортуваат, возрасните да се рекреираат, а децата да се забавуваат. Имаме десет локации коишто беа одбрани од Општина Штип на коишто веќе се монтираат вакви справи за активно тренирање и вежбање. Справите ќе бидат достапни за граѓаните 24 часа и ќе бидат поставени во неколку урбани заедници во градот“, порача Бочварски.

 B03Вакви зони се уредени или се уредуваат во  населбите Леваци, Широк Дол,  Ново Село,   Стар Караорман, Сењак 3, паркот до полицијата; Баби, паркот до ООУ „Славејко Арсов“; Осми Ноември,  Три Чешми.

Активните зони ќе бидат активни 24 часа и достапни за користење од страна на сите категории кои имаат желба за рекреација и спортување. Конструкцијата е монтажна. Истата се сости од шест различни фитнес справи поставени на бетонски темели. Оваа урбана опрема е поставена исклучиво за остварување на јавен интерес утврден со закон. Проектот чини 3.000.000 денари, средства издвоени од буџетот на Општина Штип.

„Креираме капитални проекти преку кои во Штип го внесуваме духот на младоста, спортот и рекреацијата. Обезбедуваме услови за здрав живот за сите: младите да спортуваат, децата да се забавуваат, возрасните да се рекреираат. Со овој проект ги спојуваме природата, спортот и рекреацијата на едно место. Инвестираме во создавање подобри услови за спортување и одржување здрави навики на жителите на спомнатите населби„, порача Бочварски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе