Maкедонија од денес до недела ја одбележува 80 годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи
Штип, 09.03.2023
Осумдесет годишнината од депортацијата на македонските Eвреи во логорот на смрта Треблинка ќе се одбележува од денес до недела. Македонските евреи од Штип, Битола и Скопје, 7144 на број, биле собрани од нивните домови од страна на германските и бугарските фашисти и биле депортирани во фашистичкиот логор на смртта Треблинка во Полска на 11 март 1943 година.
Во Штип преку ноќ, од еврејската заедница, од нивните домови, биле собрани и депортирани 551 лице. Во 1985 година во Еврејското маало, на местото каде денес се ннаоѓаат Домот на култура „Ацо Шопов“ и Музејот – Штип, е изграден споменик во знак на вечно сеќавање на овој гнасен антицивилизациски чин на кој, на црни мермерни плочи, се испишани имињата на сите 551 депортирани Евреи.
Штип секоја година го одбележува овој ден во чест и во спомен на своите некогашни сограѓани.
Локалната самоуправа вчера и денес работеше на освежување на Споменикот. Во текот на утрешниот ден претставници на Општина Штип, на политичките партии, на АРМ и на Сојузот на борците, како и претставниците на Републичкото собрание ќе положат цвеќе пред Споменикот.
(Фотосот е од денешното освежување на споменикот во Штип)