Македонски афористичари, илустратори, сликари и поети кај нашинците во Јабука, Србија

Штип, 23.10.2023

Во рамките на проектот “Себе си во походи” одобрен од Министерството за култура, Националниот совет на Македонците во Република Србија и ЗГМНЗ “Илинден” – Јабука, организираа интерактивна работилница за најмалите ученици од ОУ “Гоце Делчев” од овој град во кој живее голема македонска заедница.

Специјални гости од Македонија беа Миле Ѓорѓијоски, еден од најпознатите афористичари од Македонија, младата илустраторка Софија Ситновска, обајцата постојани соработници на НИУ “Македонски информативен и издавачки центар”, Панчево , Христина Деолска, сликарка, поетеса и врвен ентаустичар и Влатко Ситновски, поет.

Најмалите научија многу за афоризмот, нови сликарски техники, се запознаа со убавините на Македонија низ поезијата, а најдобрите илустратори ќе бидат објавени во заедничка Сликовница на илустрации на ученици од ОУ “Гоце Делчев” од Јабука. Информации за овој настан беа објавени на РТВ Панчево, РТВ Дунав, “Македонска Виделина” и “Зуница” и Макинфо порталот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе