Штип, 27.06.2024
Хотелот Гарни кој е лоциран спроти судската палата, на атрактивна локација речиси во центарот на градот, и е покрај реката Отриња, оди. на продажба. Општина Штип која е сопственик на овој објект нема намера да го користи хотелот, а советниците во Општинскиот совет на денешната седница одлучија тој да биде продаден.
Чинот на продажба се случува на 100 годишнината од почетокот на работата на овој хотел, кој со помали прекини во работата е во функција точни сто години зашто се „роди“ во 1924 година.
Се работи за мал хотел кој, поради својата архитектоника е под заштита на државата, а кој има 275 метри квадратни во самиот објект и 193 метри квадратни дворна површина. Последните 21 години тој под кирија беше даден на користење на фабриката за чевли „Баргала“ која доживеа стечај и ликвидација, а со тој чин се затвори и Гарни. Баргала имаше договор да го користи хотелот до 2026 година.
Инаку, малиот хотел има шест соби, мала сала за состаноци и бифе за појадок на гостите кои престојуваа во него.
Хотелот Гарни ќе се продава со почетна цена од 31,7 милиони денари.