На Денот на Македонските рудари Бучим и Боров Дол со парични награди за сите вработени, голем концерт во Радовиш, рудникот САСА со парични награди и со донација за поголема безбедност во сообраќајот

Штип, 26.08.2023

Македонските рудници во понедлник, на 28 Август, го слават Денот на рударите. По тој повод, со парични награди за сите вработени во рудниците за бакар Бучим и Боров Дол, и плакети за 25 најдобри работници и повисоки парични награди за нив, овие рудници на најдобар можен начин ќе им се заблагодарат на вработените кои го даваат најдоброто од себе за успешната работа на рудниците, а преку тоа и за социо-економската благосостојба на вработените, општините на чија територија работат и за националната економија.

Од Бучим и Боров Дом известија дека парични награди ќе има за сите 650 вработени во двата рудника, во кои просечната плата е 580 евра.

Одбележувањето на најсветиот ден на рударите започнува на 28 август во делокругот на рудниците Бучим и Боров Дол со свечената церемонија на која ќе бидат доделени наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а главната прослава ќе биде вечерта, во центарот на Радовиш, со музички концерт на Каролина Гочева. Како педгрупа ќе настапи бендот South Parк. Концертот почнува во 20 часот.

-Оваа година за Бучим и Боров Дол е година на круцијални промени кон целосно подобрување на работата на рудниците. Во април годинава, поднесено е барање до Владата на РСМ за припојување на правното лице ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш кон ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш согласно Законот за минерални суровини. Се очекува дека 2023 година ќе биде одобрено барањето и ќе се пристапи кон припојувањето, што преставува обемен проект. Припојувањето ќе се одвива на тој начин, што ниедно работно место нема да биде скратено.

 БОРОВ ДОЛ СЕ ПРИПОЈУВА КОН БУЧИМ… Во април годинава, поднесено е барање до Владата на РСМ за припојување на правното лице ДПТУ Боров Дол ДООЕЛ Радовиш кон ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш согласно Законот за минерални суровини. Се очекува дека 2023 година ќе биде одобрено барањето и ќе се пристапи кон припојувањето, што преставува обемен проект. Припојувањето ќе се одвива на тој начин, што ниедно работно место нема да биде скратено.

-Започнат е процесот зацелосна замена на флотомашините со нова опрема, со што рудникот Бучим ќе има најсофистицирана опрема за обработка на бакарна руда и производство на бакарен концентрат. Проектот за модернизација започна уште од минатата година, а во четвртиот квартал од 2023 година се планира намалување на производството за 50% до март 2024 година. Причина за намалување на производството е модернизацијата на погонот Флотација. Опремата која е технолошки застарена, се заменува со нова опрема произведена од Метсо Оутотек со која ќе се подобри искористувањето на металите во рудата. Замената ќе се одвива по етапно, со цел да нема прекин во работењето и  да се задржи производството на минимално ниво, вели Александр Раков, генерален директор на Бучим.

Рудник Бучим

Во двата рудника мислат на иднината и работат за неа па така во Бучим, на експлотационото поле  “Северо исток“ е отпочнато со подготвителни работи – раскривка на рудно тело, која дополнително ќе го снабдува погонот флотација со руда. Се планира раскривката да биде завршена март 2024 година.

По повод овој празник се огласи и радовишкиот градоначалник Ацо Ристов кој ги покани радовишани и граѓаните од други места во понеделник навечер да дојдат на Градскиот плоштад на прославата:

-“Радовиш го слави Денот на рударите и празникот Успение на Пресвета Богородица, заштитничката на македонските рудари, а оваа година за прв пат за радовишани и сите посетители се подготвува вистинско музичко уживање и секако одлична забава и расположение со најголемата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева. Централната прослава ќе се одржи во центарот на Радовиш под покровителство на рудниците Бучим и Боров Дол во соработка со Општина Радовиш. Ги покануваме граѓаните да присуствуваат на прекрaсниот настан и да уживаат во празникот”, рече градоначалникот Ацо Ристов.

САСА ПОДДРШКА…Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА секоја година вложува и повеќе од 400.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница, како што се: образованието, науката, животната средина, здравствената заштита и ранливите социјални групи.

“За прв пат годинава Денот на рударите, ќе биде одбележан со настан во центарот на Радовиш. Празничната традиција ќе ја зачуваме и пред големиот концерт, во делокругот на рудникот ќе се одржи официјална церемонија за чинот доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а прославата ќе се одржи во Радовиш каде заедно со сите граѓани, рудари и нивните семејства ќе уживаме во концерт на македонски музички ѕвезди” , додаде Александр Раков генерален директор на Бучим и Боров Дол.

Руднкикот за олово и цинка САСА годинава се одлучи за подруг начин на одбележување на празникот. Со оглед на фактот дека за неполна година три млади лица во оваа општина ги загубија своите животи управувајќи моторни возила, рудничкото раководство се одлучи за солидна донација за поголема безбедност во сообраќајот. Покрај ова сите вработени ќе добијат награди.

-Традиционално и оваа година, во пресрет на 28 Август – Денот на рударите, рудникот САСА, за своите над 760 вработени обезбеди парични награди и пригодни подароци. Дополнително, вкупно 122 вработени, меѓу кои најдобриот рудар во САСА за изминатата година, како и оние што дале особен придонес за безбедноста и здравјето при работа и за остварување на безбедно и стабилно производство, добија и дополнителни парични награди, подароци и признанија.

Честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА, како и на вработените во целокупната домашна рударска индустрија, генералниот директор на САСА Кристофер Колбурн изјави:

„Горди сме со сѐ што направивме како тим во изминатиот период, особено во делот на безбедноста и благосостојбата на вработените, кои биле и ќе останат наш највисок приоритет и постојана грижа. Со големи залагања од сите и континуираната поддршка што ја добиваме од Централ Азија Металс, САСА и во следниот период ќе продолжи по патот на успехот и одржливиот развој, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за просперитетот на земјата. Од клучно значење за ваквиот одржлив развој се новите капитални проекти, вредни над 40 милиони долари, во чија реализација бележиме значаен напредок, а кои ќе обезбедат безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА и во годините што следуваат“.

Инаку, оваа година, како дел од својата континуирана грижа и поддршка за заедницата, САСА одлучи да ги откаже сите интерни свечености поврзани со прославата на Денот на рударите, а планираните средства за нивната организација да ги пренамени во проект за зголемување на безбедноста во сообраќајот во локалната заедница. Заради осмислување и реализација на овој проект, САСА во следниот период ќе воспостави комуникација и соработка со надлежни домашни институции и организации од оваа област. Ваквата одлука на САСА следува по зачестените сообраќајни несреќи со трагични последици кои во последно време се случуваат во овој регион од земјата.

Рудникот за олово и цинк САСА е најголемиот подземен македонски рудник. Од ноември 2017, САСА е дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија која котира на Лондонската берза (AIM: CAML). Од влезот на Централ Азија Металс до сега во САСА се инвестирани околу 60 милиони долари, во нова рударска опрема, во модернизација и дигитализација на технолошките процеси, во безбедноста, стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниот развој и едукација на вработените. Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА секоја година вложува и повеќе од 400.000 долари во различни области значајни за животот и просперитетот на луѓето и локалната заедница, како што се: образованието, науката, животната средина,

РАМКА

 

РАМКА

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе