Импресивен, претстоен, културен настан: 90 години од раѓањето и 60 години творештво на академскиот сликар Ангел Петров

На иницијатива на Фондацијата Ангел Петров, велешани и македонската културна јавност, одбележуваат 90 години од раѓањето и 60 години творештво, на академскиот сликар Ангел Петров од Велес, кој почина пред три години, за што е подготвен и богат Каталог.
На 22.08.2023, вторник, 19 часот во Локовниот Салон во Велес, свечено, ќе биде претставена Монографската, ретроспективна изложба на Ангел Петров, насловена: “Бојата низ музика”, со повеќе од 300 дела од богатиот творечки опус на еден од позначајните современи ликовни творци кај нас.
Тоа се 60 дела галериски формат, потоа 100 дела – пејсаж во минијатурата, 60 дела – портрет во минијатурат, а 30 дела – керамика и 50 дела – декорации во минијатура.
Настанот содржи и промоција на Мографија, видео – презентација, односно, документарен филм за неговото 60 годишно творештво, а ќе бидат изложени и дел лични предмети на уметникот, чие богато творештво остави исклучителен белег во современата македонска ликовна уметност.
Ангел Петров (1933-2020) , роден во Велес, ја имал привелегијата да се школува и да учи, во Средното уметничко училиште во Скопje, во класата на професорите Личеновски, Мартиновски, Коџоман и Борко Лазески…
Веќе во втората година, прогласеен е и награден како најталентиран од генерацијата.
Образованието го продолжува во Белград, во Академијата за применета уметност која ја завршува 1962, во класата на професорот Винко Грдан .
Веќе во наредната 196, започнува самостојно да изложува за до денес да реализира 62 самостојни ликовни изложби од кои 30 во Македонија и 32 во странство , како и да учествува на повеќе од 200 групни претставувања.
Член е на ДЛУМ од 1967. Негови дела се наоѓаат во многу музеи, галерии, приватни колекционери во земјава и странство.
Неговиот ликовен опус се состои од пет ликовни фази: пејзажи, актови , коњи, портрети, акварели, мртва природ , декорации и стара архитектура.
Работел масло, пастел, акварел, туш, акрилик и комбинирани техники.
За неговиот 60 годишен творечки опус има добиено многу награди и признанија: Прва Награда за најдобра “мртва природа “ – 1950, Скопје во Средно уметничко училиште од професорот Лазар Личеновски. Награда за животно дело- ”ГЕМИЏИИ “2004 од Општинa Велес.
Повеќе награди за донаторство од Македонското друштво “Koчо Рацин”, Риека, Хрватска, додека 1980 e одликуван со Орден на трудот со сребрен венец.
Пишува: Веле Митаноски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе