„Најстариот човек на светот“, роман на Јордан Ѓорчев, објавен и на српски јазик

Белград, 19.06.2023

Во издание на издавачката куќа „Алма“ од Белград, во главниот град на Србија, од печат излезе романот на проф.д-р Јордан Ѓорчев „Најстариот човек на светот“.

Романот на Ѓорчев е дел од познатата едиција „Европска книжевност“ во која „Алма“ ги објавува најдобрите книжевни дела од стариот континент.

„Имавме средба со еден исклучителен автор каков што е Јордан Ѓорчев, направивме договор за убава промоција во Белград на неговиот роман „Најстариот човек на светот“ за кое дело мислам дека ќе ги осви љубителите на добрата книга во Србија“, изјави издавачот Ѓорѓе Оташевиќ.

Преводот на романот е на Васил Толевски, а романот графички го уреди Никола Симовски.

На сликите: Насловната страна на романот и Оташевиќ, Ј.Ѓорчев, П.Ѓорчев, Толевски и Симовски во Белград.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе